Живко Панев (француски: Jivko Panev) е универзитетски професор, православен свештеник и француски новинар со македонско потекло.

Живко Панев
Jivko Panev
Роден(а)1961 (воз. 59–60 г.)
Струмица
ЖивеалиштеПариз, Франција
Националностмакедонска, француска
НародностМакедонец
Алма матерУКИМ
ЗвањеПротоереј
Уредник на Orthodoxie (2005- )

ЖивотописУреди

Роден е 1961 година во Струмица, Македонија. Во 1987 година дипломира на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Веднаш потоа заминува за Париз, каде што запишува додипломски студии и во 1993 година дипломира на Православниот богословски факлтет „Св. Сергеј“ во Париз. Во 1994 година магистрира на Институтот за старогрчки јазик и литература при унверзитетот Сорбона. Во 2002 година се стекнува со MBA-диплома по „Менаџмент на човечки ресурси“ на Високата школа за бизнис во Париз. Во 2010 се здобива со универзитетска диплома gratianus (ниво на докторат) од областа на канонското право и правото на односите меѓу државата и религиите при Факултетот Жан Моне во Париз.

КариераУреди

Од 1999 година се вработува на Православниот богословски факлтет „Св. Сергеј“ во Париз, каде што, најпрво како асистент, а од 2007 година како доцент, држи предавања по предметите: Канонско право, Историја на помесните цркви, Агиологија и Методологија.[1] Во 1994 година е ракоположен за православен свештеник, а во 2010 година е унапреден во првосвештеничко достоинство (протоереј)[2]. Од 1999 година станува парохиски свештеник на „Богородица Державнаја“ во Шавил на Архиепископијата на православните руски цркви во Западна Европа. Во јануари 2005 година заедно со Кристоф Левалоа ја создал мрежната страница „Orthodoxie“, на којшто е главен уредник и којашто, според францускиот весник „La Croix“, е „еден од најцитираните информативни извори за православната актуелност (редовно посетувана од новинари, универзитетски професори, дипломати и одговорни црковни лица, како православни, така и римокатолици)“.[3] Повеќепати има предавано на Високата школа за новинарство во Лил.[4] Од 2010 година, тој е директор на едицијата „Orthodoxie“ во француската издавачка куќа „Éditions du Cerf“.

НаводиУреди

  1. Institut Saint-Serge - corps professoral. Архивирано од изворникот на 2013-05-04. Посетено на 2012-12-05.
  2. Orthodoxie.com: Élévation à la dignité d'archiprêtre du père Jivko Panev[мртва врска]
  3. La Croix: Orthodoxie.com lance une campagne de dons
  4. Orthodoxie.com: "Les orthodoxes en France; organisation, influence, défis" une conférence du père Jivko Panev[мртва врска]

Надворешни врскиУреди