Жештина и прашина (филм)

Жештина и прашина (англиски: Heat and Dust) - британски филм од 1983 година, во режија на Џејмс Ајвори (James Ivory) по сценариото на Рут Проер Џабвала (Ruth Prawer Jhabvala), засновано на истоимениот роман од 1975 година. Главните улоги ги толкуваат: Грета Скаки (Greta Scacchi), Шаши Капур (Shashi Kapoor), Џули Кристи (Julie Christie) и Закир Хусаин (Zakir Hussain). Филмот бил номиниран за „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал; исто така, имал осум номинации за БАФТА при што ја освоил само наградата за најдобро адаптирано сценарио.[1]

Синопсис

уреди

Во филмот се испреплетуваат две приказни: првата се одвива во Индија во 1920-тите и ја прикажува забранетата љубовна врска меѓу Оливија, убавата млада сопруга на еден британски колонијален службеник, и Индиецот Наваб. Втората приказна се одвива во 1982 година, кога Ен, правнуката на Оливија, заминува во Индија со надеж дека ќе дознае нешто повеќе за животот на својата прабаба. Таму, Ен започнува љубовна врска со еден оженет Индиец...

Наводи

уреди