Жените во Азербејџан

Жените во Азербејџан номинално уживаат истите права како и мажите; сепак, општествената дискриминација останува проблем.

Право на глас

уреди

Универзално право на глас во Азербејџан било воведено во 1918 година од страна на Азербејџанската Демократска Република, со што Азербејџан станала првата муслиманска земја во која жените го стекнале ова право.[1]

Политичка застапеност

уреди

Нема законски ограничувања за учество на жените во политиката.

Од 2007 година, неколку жени биле назначени на високи владини позиции, вклучувајќи и заменик-претседател на парламентот, неколку заменици-министри, и заменик-претседавачот на Централната изборна комисија.[2]

Во 2015 година, во парламентот (составен од 125 членови) имало 21 жена. Процентот на жени членови на парламентот помеѓу 2005 и 2015 година се зголемил од 11 % се зголемил на 17 %.[3]

Од 2009 година, жени биле носители на позиции како заменик-претседател на Уставниот суд, заменик-претседател на кабинетот на министри, четири заменици-министри, амбасадор и народни правобранители на Азербејџан.

Во Централната изборна комисија од 16 члена, 4 се жени и истите претседаваат со 3125 регионални изборни комисии. Немало женски министри или шефови на извршните влади на градови или региони, освен Хиџран Хусејнова која претседавала со Државната комисија за семејство, жени и деца и Малејка Абасзаде која претседавала со Државата комисија за прием на студенти.[4][5]

Државната комисија за семејство, жени и деца на Република Азербејџан е примарна владина агенција со активности во правец на заштитата на правата на жените во земјата.

Во 2015 година, Натаван Гадимова била назначена за министер за култура.[6].

Во 2016 година, 11% од професионалните судии во земјата биле жени, што претставува најмал процент во Европа.[7]

Во 2017 година, Мехрибан Алијева била назначена за Заменик претседател на Азербејџан, на највисоката позиција на која стапила жена во Азербејџан, по укинувањето во 1994 година на канцеларијата на Државниот секретар, функција која до неодамна била извршувана од страна на Лала Шовкат.

За време на активната фаза на Војната за Нагорно-Карабах, од вкупниот воен персонал (74,000) 2,000 биле жени а 600 од нив директно учествувале во воените операции.[8]

Воена служба за жените е на доброволна основа. Во моментов постојат околу 1,000 жени кои служат во азербејџанската војска.[9]

Религија

уреди

Иако секуларна држава, Азербејџан бара сертификација и регистрација на луѓето за вршење на верските обреди. Муслиманските жени во Азербејџан можат да студираат и да станат сертифицирани мули и да ги водат женските собири, традиција што датира со векови.[10]

Во 2016 година, имало еден локален женски лутерански пастор во Азербејџан.[11]

Учество во пазарот на трудот

уреди

Иако поголемиот дел од азербејџанските жени имаат работа надвор од домот, жените не се доволно застапени на повисоки работни позиции, вклучувајќи ја вклученоста во врвот на бизнис позициите.

Домашно насилство

уреди

На 22 јуни 2010 година, азербејџанското собрание го изгласал Законот за спречување на семејното насилство.[12]

Во 2000 година, Азербејџан го потпишал Факултативниот протокол на CEDAW, признавајќи надлежност на Комитетот за елиминација на дискриминација против жените, по што може да прима и да ги разгледува жалбите од поединци или групи во рамките на неговата јурисдикција.[13]

Силувањето е противзаконско во Азербејџан и носи максимум 15-годишна затворска казна. Новиот Закон за семејно насилство стапил на сила во 2010 година, со што се забранува семејната злоупотреба, вклучувајќи го и брачното силување.[14][15] Сепак, многумина во Азербејџан не го сметаат ова за криминал и доминантната култура не поттикнува жалби за брачно силување.[16]

Во 2011 женските членови на парламентот и шефот на Државниот комитет за семејство,жени и деца, ги засилиле своите активности против семејното насилство. Медиумска покриеност за прашањето на семејното насилство исто така почнала да ја подигнува свеста за овој проблем. Еден закон од 2010 воспоставува рамка за испитување на жалбите за семејно насилство, го дефинира процесот за издавање наредби за ограничување и повикува за воспоставување на прифатни центри за помош и рехабилитација на жртвите.

Сепак, 40% од  анкетираните Азербејџанци во 2012 година сè уште веруваат дека жените треба да толерираат семејно насилство во интерес на семејството, а 22% се согласиле дека постојат моменти кога жената заслужува да биде тепана.[17].

Проституцијата во Азербејџан

уреди

Проституцијата е административен прекршок а не кривично дело и се казнува со парична казна до 102 долара (88 AZN). Проститутките и сопствениците на бордели можат да бидат осудени на казна затвор до шест години.

Хронологија на еманципацијата на жените

уреди
Година Настан Место
1889 Ниѓар Шихлинскаја станала првата Азербејџанка која стекнала високо образование.[18] Тбилиси
1901 Училиштето Царица Александра, прва секуларна азербејџанска женска школа била отворена во рамки на Руското царство.[19] Баку
1908 На медицинскиот колеџ во Санкт Петербург, Сона Валихан, станала првата жена која стекнала диплома за лекар од Азербејџан.[20] Санкт Петербург
1908 Филантропот Хамида Џаваншир го основала првото азерско училиште.[21] Кахризли
1910 Глумицата Ѓовхар Газиева станала првата Азербејџанка што се појавила на сцената.[22] Тбилиси
1911 Хадиџа Алибејова го објавила Ишиг, првото женско списание на азербејџански јазик.[23] Тбилиси
1912 Прва изведба на првата азербејџанска оперска пејачка Шовкат Мамедова.[24] Баку
1919 Азербеџанките добиле право на глас.[25]
1919 Пари Софиева станала членка на грузискиот парламент и првата демократски избрана етничка Азербејџанка.[26] Карајази
1929 Изат Оруџова станала првата Азербејџанка која глумела во игран филм.[27]
1930 Гинекологот Адила Шахтахтинскаја станала прва Азербејџанка со титула доктор.[28]
1931 Лејла Мамедбејова го извела својот прв лет и станала првата азербејџанска авијатичарка.[29] Баку
1932 Првата азербејџанска балерина, Гамар Алмасзаде, дебитирала во Шах-Сенем.[30] Баку
1938 Народниот правобранител, Ајна Султанова станала прва азербејџанска министерка на кабинет.[31]
1949 Биологот Валида Тутајуг стана првата жена членка на Азербејџанската национална академија на науките (основана во 1945 година).[32]
1964 Сакина Алијева била избрана за претседател на Врховниот совет на Нахчован, со што станала првата азербејџанска жена шеф на парламентот.[33] Нахчован
2007 Манзар Исмаилова станала првиот азерски женски свештеник.[34]
2009 Натаван Мирватова била промовирана во генерал-мајор, трет највисок воен чин во Азербејџан, и највисок до кој стигнала жена.

Наводи

уреди
  1. Tadeusz Swietochowski. Russian Azerbaijan, 1905-1920: The Shaping of a National Identity in a Muslim Community. Cambridge University Press, 2004. ISBN 0521522455, 9780521522458, p.144
  2. Country Reports on Human Rights Practices: Azerbaijan (2011). United States Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor (2011). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  3. 2015 Parliamentary Election Results Архивирано на 2 мај 2016 г..
  4. Women in Azerbaijan Reluctantly Considered for Executive Positions Архивирано на 19 мај 2009 г. by K.Zarbaliyeva. 16 May 2009.
  5. Women in Azerbaijan Ranked 90th Worldwide Архивирано на 3 декември 2013 г. by R.Orujov. 7 April 2012.
  6. New Female Minister in Nakhchivan. Haqqin.az. 2 September 2015.
  7. Proportion of female judges in UK among lowest in Europe. The Guardian. 6 October 2016.
  8. First Azerbaijani Woman to Become Major General Архивирано на 4 март 2016 г.. Lent.az. 29 March 2009. Retrieved 4 October 2011.
  9. Around 1,000 Women in Azerbaijani Army. Trend.az. 12 August 2014.
  10. Şeyx Azərbaycanda qadın mollalardan danışdı. Oxu.az. 25 November 2014. Retrieved 13 June 2017.
  11. Anar Alizadeh. Azərbaycanda xristianlıq. Elm və təhsil, 2016; p. 241
  12. „Law of the Azerbaijan Republic "About prevention of domestic violence" (англиски). Посетено на 2017-11-03.
  13. „Policy Attitudes towards Women in Azerbaijan: Is Equality Part of the Agenda? | Gunda-Werner-Institute“. www.gwi-boell.de. Архивирано од изворникот на 2019-04-20. Посетено на 2016-04-12.
  14. http://sgdatabase.unwomen.org/uploads/Law%20on%20Prevention%20of%20Domsetic%20Violence%202010.pdf[мртва врска]
  15. „Home“ (PDF). Посетено на 14 April 2018.
  16. „Gender based violence in Azerbaijan“. Архивирано од изворникот на 2018-10-05. Посетено на 2016-04-12.
  17. Crrc (2015-03-02). „Deserving to be beaten and tolerating violence: Attitudes towards violence against women in Azerbaijan“. Посетено на 2016-04-12.
  18. Azerbaijan Soviet Encyclopedia (1987), vol. 10, p. 551.
  19. The Past Days Архивирано на 22 март 2007 г. by Manaf Suleymanov. 1990
  20. Female Activity at the Turn of the Century. Gender-az.org.
  21. (азербејџански) Megastar and Her Light. An interview with Hamida Javanshir's granddaughter Dr. Mina Davatdarova. Gender-az.org
  22. Göyərçin xanım Архивирано на 24 јуни 2016 г.. Adam.az.
  23. Azerbaijani Woman in Historical Retrospective. Gender-az.org.
  24. Shovkat Mammadova, Audacious Challenge by Fuad Akhundov. Azerbaijan International. Winter 1997 (retrieved 26 August 2006)
  25. 7th annual Azerbaijan Adoptive Families Reunion Архивирано на 7 мај 2020 г.. Azerbaijani Women of America.
  26. Matriarch of Karaiazi - Parikhanim Sofiyeva.
  27. Izzat Orujova-100 Архивирано на 23 април 2012 г.. Bakinsky Rabochy. October 2009.
  28. Adila Shahtakhtinskaya Архивирано на 24 јуни 2016 г.. Adam.az.
  29. (руски) The Proprietress of the Sky Архивирано на 28 септември 2007 г. by I.Gadirova. Nash Vek. 7 May 2004. Retrieved 6 June 2007
  30. Center Stage: My Life as Azerbaijan's First Ballerina by Gamar Almaszadeh. Azerbaijan International. #10.3. Autumn 2002
  31. Hidden Facts about Ayna Sultanova Архивирано на 11 февруари 2010 г.. Deyerler. 8 February 2010.
  32. Famous Alumni - Valida Tutayug Архивирано на 30 јуни 2016 г.. Azerbaijani State Agricultural University.
  33. Nakhchivan Архивирано на 13 јули 2009 г..
  34. First Azerbaijani Female Cleric. Day.az. 17 November 2007. Retrieved 4 October 2011.

Библиографија

уреди