Женидбата на кнезот Лазар

Женидбата на кнез Лазар (српски: Женидба кнеза Лазара) - српска епска, јуначка песна.

Содржина

уреди

Во Призрен, царот Стефан пие вино и го прашува слугата Лазар зошто е нерасположен. Лазар одговара дека е несреќен зашто не може да се ожени. Тогаш, царот му кажува дека знае соодветна невеста за него - Милица, ќерката на Југ-Богдан кој не сака да ја даде ќерката. Затоа, царот смислува план како да го убедат Југ-Богдан да даде согласност за свршувачката на Лазар и Милица. Во неделата, царот заминува на лов, заедно со Југ-Богдан и неговите девет синови. Вечерта, царот ги кани гостите на вечера, а ги служи Лазар, кој му поклонува златна чаша на Југ-Богдан. Југ-Богдан размислува како да го награди Лазар и тогаш царот му предлага да му ја даде ќерката Милица. Навредени, деветтемина синови на Југ-Богдан сакаат да го нападнат царот, но Југ-Богдан ги спречува. Тогаш, тој ја прегледува старата книга во која се предвидува дека Лазар ќе го наследи царството и дека Милица ќе му биде жена. Израдуван од веста, царот дава илјада дукати и златно јаболко со три скапоцени камења како поклон за Милица.[1]

За песната

уреди

Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од старецот Рашко кој бил родум од Колашин, Херцеговина, а на почетокот на Првото српско востание пребегал во Србија и се населил во селото Сабанти во близината на Крагуевац.[2]

Наводи

уреди
  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 80-84.
  2. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.