Женидбата на барјактарот Милиќ
Женидбата на барјактарот Милиќ (српски: Женидба Милића Барјактара) - српска народна епска (јуначка) песна.
Содржина
уредиБарјактарот Милиќ патува на сите страни, но никако не може да најде невеста која ќе му се допадне. Веќе посакува да се откаже од идејата за женењето, но еден пријател му кажува за преубавата девојка Лепосава, ќерката на Вида Маричиќ. Тогаш, Милиќ собира сватови и оди по невестата. Маричиќ ги пречекува сватовите и свадбената веселба трае три дена при што Милиќ добива богати дарови. Тогаш, мајката на Лепосава му раскажува дека пред неа имала осум други ќерки кои ги омажила, но сите умирале патем. Кога сватовите се враќаат дома, невестата бара да запрат, веднаш умира и ја закопуваат во планината, со лицето кон исток. Тажниот Милиќ се враќа дома и на мајка си ѝ ја соопштува жалната вест. Потоа, тој легнува в постела и умира, а сватовите го закопуваат свртен кон запад. Мајка му живее во голема тага и секој ден им се обраќа на излезот и залезот на сонцето, жалејќи ги синот и невестата.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Женидба Милића Барјактара“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 378-385.