Женидбата на Стојан Јанковиќ

Женидбата на Стојан Јанковиќ (српски: Женидба Стојана Јанковиһа) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина

уреди

Мустај-бег од Лика ја собира својата чета и оди во планината на лов. Таму, под една елка, здогледува непознат јунак како спие, му го зема оружјето и го заробува. Заробеникот му кажува дека се вика Стојан Јанковиќ од Котор и дека тргнал во Удбиња за да ја грабне убавата Хајкуна, а бегот му одговара дека Хајкуна му е сестра. Кога пристигнува дома, бегот го затвора Стојан и заминува да пие во меаната. Откако Стојан ѝ ветува дека ќе ја земе за жена, Хајкуна со измама му го зема на бегот клучот од затворот, го ослободува Стојан и заедно бегаат. Патем, Стојан легнува да поспие, а во меѓувреме Мустај-бег ја открива измамата и со неговата чета тргнува во потера по бегалците. Меѓутоа, Стојан ја убива целата чета, го заробува бегот, но на молба на Хајкуна го ослободува. Потоа, тие одат во Котор, каде најпрвин Хајкуна се покрстува по што прават свадба.[1]

Наводи

уреди
  1. „Женидба Стојана Јанковиһа“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 386-395.