Жена со папагал (Гистав Курбе)

За сликата од Пјер Огист Реноар, видете Жена со папагал (Пјер Огист Реноар).

Жена со папагал
француски: La Femme au perroquet
Творец Гистав Курбе
Година 1866
Димензии 129.5 см × 195.6 см
Место Метрополитен, Њујорк, Соединети Држави

Жена со папагал (француски: La Femme au perroquet) ― слика во масло на платно од францускиот уметник Гистав Курбе. Тоа била првата слика со голотија на уметникот, што била прифатен од парискиот салон во 1866 година, откако претходното учество во 1864 година било одбиено како непристојно. Се наоѓа во збирката на Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк.[1]

Опис

уреди

Сликата прикажува жена која лежи на грб, а папагалот милениче слегува на испружена рака. И покрај тоа што била насликана во стил за да биде прифатен од Академијата во нејзината поза и мазни тонови на кожата, расфрлената облека и разбушавената коса на моделот биле контроверзни,[2] иако помалку од Сон, насликана истата година. Џоана Хифернан најверојатно позирала за двете слики, како и за другите од Курбе.

Делото е поставено во галеријата 811 на Музејот Метрополитен.

Наводи

уреди
  1. „Gustav Courbet:Woman with a Parrot“. New York: Heilbrunn Timeline of Art History. 2008. Посетено на 10 јануари 2023.
  2. Sorabella, Jean (јануари 2008). „The Nude in Baroque and Later Art, In Heilbrunn Timeline of Art History“. New York: The Metropolitan Museum of Art. Посетено на 10 јануари 2023.

Надворешни врски

уреди