Жена на Месечината (филм)
Оваа статија моментално е под поголема промена за краток временски период. Би ве замолиле за учтивост — не уредувајте ја страницата додека стои поракава. Корисникот кој ја ставил оваа ознака ќе биде означен во историјата на страницата. Ако страницата не е уредувана веќе неколку часа, отстранете ја предлошкава. Поракава постои со цел да се избегнат спротивставените уредувања. Отстранете ја меѓу уредувања за да им овозможите и на другите да ја уредуваат страницава. Последното уредување на оваа Оваа статија го направи Simonka34 (разг| прид) пред 3 години. (Поднови) |
Жена на Месечината - германски нем филм, снимен во 1929 година во режија на Фриц Ланг. Претставува адаптација на истоимениот роман на неговата сопруга Теа Фон Харбу, која заедно со него го напишала сценариото. Заплетот на филмот почнува кога германскиот претприемач Волф Хелиус организира експедиција на месечината со помош на револуционерен ракетен погон, но истовремено мора да се соочи со уцените од страна на американските претприемачки соперници, како и љубовните проблеми поврзани со неговата помошничка Фриде. За филмот е карактеристично што неговите творци настојувале вселенското патување да го да го прикажат што пореално, односно што е можно повеќе во склоп на тогашните научни и технолошки достигнувања. Поради тоа како советник е ангажиран ракетниот стручњак Херман Оберт, кој пробал да изработи употреблив модел на ракета. Филмот доживеал голем успех и во значајна мера во јавноста го популаризирал концептот за вселенско патување, но и техниката на одбројување пред лансирање на проектил. Жена на Месечината можеби најголемо влијание имал на 17 годишниот Вернер фон Браун кој подоцна тврдел дека филмот го поттикнал да се занимава со развивање на ракетна техонологија, која по 40 години ќе доведе до тоа луѓето да можат да слетаат на месечината.
„Жена на Месечината“ | |
---|---|
Режисер | Фриц Ланг |
Главни улоги | Вили Фришц Герда Маурус Клаус Пол Фриц Расп Гасл Гштетенбаур Густав Фон Вангенхајм |
Кинематографија | Курт Курант |
Дистрибутер | UFA |
Премиера | 15 октомври 1929 |
Времетраење | 156 мин. / 200 мин. / Шпанија: 104 min. / Шпанија: 162 мин. (DVD edition) / САД: 95 мин / Западна Германија: 91 мин (edited version) (1970) |
Земја | Германија |
Јазик | нем филм |
Надворешни врски
уреди- Жена на Месечината (филм) на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Жена на Месечината (филм) — AllMovie (англиски)
- Жена на Месечината (филм) — Семрежен архив (англиски)