Жемајте (литвански: Žemaitė, Самогитка), родена Јулија Бенјушевичјуте (Julija Beniuševičiūtė-Žymantienė; 4 јуни [ст. ст. 23 мај] 1845 in Буканте, Плунге – 7 декември 1921 во Маријамполе) — литвански писател. Со нејзините кратки раскази таа станала една од главните фигури во Литванското национално будење. Таа пишувала за селскиот живот во Литванија.

Портрет на Жемајте на литванска 1 литас банкнота.
Белешки.

Живот

уреди

Жемајте е родена во гувернаријата Ковно во Руската Империја. Како дете и било забрането да се дружи со деца од кметството и да го учи литванскиот. Нејзините биле Полинизирани и мислеле дека ако зборуваат литвански се враќаат назад во општеството. Бедата и овој тежок тогашен живот ќе бидат главни мотиви за понатамошната книжевна работа на Жемајте. Таа не одела на школо и се научила сама од многуте книги кои ги прочитала.

Таа ја поддржала Јануарската буна од 1863 година и по неколку години се омажила за Лауринас Жимантас. Во 1883 година семејството се преселило во Ужвентис. Таму се сретнала со Повилас Вишинскис, кој и дал голем број литвански списанија и ја поттикнал да пишува и да биде дел од националното будење на Литванија. Нејзиното прво дело е „Есенска вечер“ и било објавено во 1895.

Во 1912 година се преселила во Вилнус каде работела како службеник. За време на Првата светска војна таа емигрирала во Русија, а потоа во САД. Во 1921 година се вратила во Литванија и умрела истата година.

Наводи

уреди
  • Simas Sužiedėlis, уред. (1970–1978). „Žemaitė“. Encyclopedia Lituanica. VI. Boston, Massachusetts: Juozas Kapočius. стр. 307–309. LCC 74-114275.