Железен крст
Железен крст (германски: Eisernes Kreuz) — воено одликување на Германија, за првпат воспоставено од кралот Фридрих Вилхелм III од Прусија на 10 март 1813 г. Железниот крст се доделувал само за време на војна и во различни степени во зависност од чинот на военослужителот. Покрај Наполеоновите војни, Железниот крст бил доделен и за време на Француско-пруската војна, како и за време на Првата и Втората светска војна. Последен пат бил доделен во мај 1945 г.[1][2]
Железниот крст најчесто се поврзува со одликувањата на Нацистичка Германија. Сепак, тој останува моќен воен симбол во германската култура, поради што бил повторно преземен од војската на поранешна Западна Германија (Бундесвер) во 1955 г.
Витешки крст на Железниот крст
уредиЗа време на Втората светска војна бил даден дополнителен вид орден на Железен крст. Тоа бил Витешкиот крст на Железниот крст и бил даден за дела на исклучителна храброст на бојното поле или успешно предводништво. Витешкиот крст бил поделен на пет степени:
- Витешки крст
- Витешки крст со дабови лисја
- Витешки крст со дабови лисја и мечеви
- Витешки крст со дабови лисја, мечеви и дијаманти
- Витешки крст со златни дабови лисја, мечеви и дијаманти
Наводи
уреди- ↑ Klaus-Dieter Wille, Spaziergänge in Kreuzberg, Berlin: Haude & Spener, 1986, (=Berliner Kaleidoskop: Schriften zur Berliner Kunst- und Kulturgeschichte; vol. 32), p. 21. ISBN 3-7759-0287-2.
- ↑ „Eisernes Kreuz“. Dhm.de. 31 October 2011. Посетено на 2013-05-23.
Надворешни врски
уреди„Железен крст“ на Ризницата ? |
- . Нова меѓународна енциклопедија. 1905.