Жан де Мен (околу 12401305) — француски писател најмногу познат како автор на Роман за розата. Роден е како Жан Клопинел во Мен на Лоара, а завршил универзитет во Париз. Де Мен вели дека како млад пишувал песни кои се пееле на секое јавно место и во секое училиште во Франција. Најголемиот дел од животот го минал во Париз, каде имал куќа со кула и градина. По смртта на де Мен во 1305, куќата ја наследил извесен Адам Д'Анжели од доминиканскиот ред. Де Мен бил погребан во сега разрушената париска црква на јакобинците на улицата Сент Жак. Освен по Роман за розата, де Мен бил познат и по преводите на француски на книгата За воените работи од Вегециј, писмата на Пјер Абелар и Елоиза, како и Утешението на филозофијата од Боатије.[1]

Портрет на Жан де Мен додека спие

Наводи

уреди
  1.   Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Jean de Meun“. Encyclopædia Britannica. 15 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 298.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

уреди