Сојуз на композиторите на Македонија
Сојузот на композиторите на Македонија или скратено СОКОМ претставува највисока организација која ги обединува македонските композитори. Основан е на 19 јануари 1947 година од страна на основоположниците на македонското современо музичко творештво, Петре Богданов - Кочко (претседател), Тодор Скаловски (потпретседател), Славко Костовски (секретар), Васил Ќортошев (касиер), Живко Фирфов (член), Драган Ѓаконовски - Шпато (член), Стефан Гајдов, Трајко Прокопиев и во просториите на тогашното Радио Скопје под името Друштво на музичарите на Македонија. Цел на ова друштво била организирано издигнување на македонската музичка култура. Од 2017 година директор е Јане Коџабашија.[1]
Награди
уредиОва се наградите кои ги доделува СОКОМ:[2]
- „Трајко Прокопиев“ — награда за животно дело;
- „Панче Пешев“ — наградата за најдобро премиерно изведено дело од македонски автор во претходната година;
- „Георги Божиков — наградата за најдобра изведба на дело од македонски автор во претходната година на ансамбли или музички уметници;
- „Виртуози“ — награда за најуспешни музички и балетски уметници (се доделува од 2012)[3]
Наводи
уреди- ↑ „„Проф. д-р Јане Коџабашија е нов претседател на Собранието на СОКОМ"“. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 2018-10-28.
- ↑ „Награди на Сојузот на композиторите на Македонија“. Сојуз на композиторите на Македонија. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 2012-05-05.
- ↑ „„Виртуози" - нова награда за музичките и балетски уметници“. Нова Македонија. број 22755. Посетено на 2013-02-27. Text "петок 14 декември 2012" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска]