Е-книга

(Пренасочено од Е-книги)

Е-книга, е-книга (англиски: e-book), кратенка од електронска книга, е книга која се дистрибуира во дигитална форма. Е-книга се чита на сметачи или на рачни читачи на е-книги (или „е-читачи“).

Периферен уред за читање на е-книга

Историја

уреди

Е-книга за првпат се спомнува во 1971 година кога Мишел Харт (Michael Hart), студент на универзитетот во Илиноис, по пат на универзитетската сметачка мрежа почнува со дистрибуција на книги во дигитална форма.

Тоа е почеток на проектот кој Харт подоцна ќе го нарече Проект Гутенберг, по револуционерот на технологијата за печатење Јохан Гутенберг. Проектот се залага за создавање електронска верзија на книжевни дела во јавен домејн и нивно бесплатно дистрибуирање преку интернет, со тоа негова е заслугата за ширење и популаризација на е-книга. Електронска книга за комерцијална употреба за првпат може да се најде во 1981, но сепак најголемиот развој на електронските книги книги се бележи дваесет години подоцна.

Особености

уреди

Предности

  • Се скратува времето на излегување на делото во јавност, заобиколувајќи ја најкритичната фаза во изработката на книгата – печатницата.
  • Изработката е далеку поевтина без дистрибуција, непожелни залихи, трошење на скапа хартија и друг материјал.
  • Достапност на потенцијалните корисници е неспоредливо поголема.
  • Можноста на графичкиот израз е практично неограничен.
  • Електронските книги зафаќаат мал простор од меморијата на сметачот и за разлика од физички простор во библиотеките и продавниците.

Недостатоци

  • Книгата не е само носител на порака, туку и предмет кој може сам по себе да има вредност.
  • Сè уште навика на држење печатен материјал во рака.
  • Во средини со ниска информатичка култура има отпор како неприроден медиум.

Формати

уреди

Најпопуларните форми на електронска форма на книга се PDF и HTML формат, кои може да се користат на било кој компјутер без разлика на оперативниот систем. Денеска постојат повеќе програми за претворање на овој формат, доколку текстот е еднаш подготвен може лесно да се претвори од еден во друг формат. Со стандардизација на дигиталната книга на “Open eBook” се воспоставува заедничката структура за сите елктронски книги во HTML, со што е направено лесно симнувањето на електронските книги. Електронскиот формат во исто време треба да биде компатибилен за повеќе алатки за читање на електронски книги како: Adobe PDF, Microsoft Reader, E Reader, Mobipocket Reader, EPUB, OpenReader и Kindle.

Издавање на електронската книга

уреди

Некои електронски книги се издаваат во печатен формат, така книгата може да ја има во дистрибуирано и електронско издание. Исто така постои можност за претворање на електронската книга во принатана книга со избор на “print on demand”. Сепак електронската верзија може да настане подоцна од печатениот формат и да се издава во двете форми - и како електронска и како печатена верзија - во зависност од барањата на авторот или читателството.

Заштита на правата при умножување

уреди

Со продажба на книгата на специјално наменети мрежни места за продажба на електронски книги, дел од правата на умножување се заштитени преку давање на примерок само на оној кој легално ќе плати и ќе ја добие електронската книга. Технологиите за заштита на правата на умножување на електронските книги збирно се наречени раководење со дигитални права (англ. Digital Right Management, DRM). Со ова се дозволува пристап до умножување на примероците само со претходна дозвола од авторот. Со DMA се чуваат безбедно дигиталните информации како и информациите за авторите на книгата. DMA ги следи следниве правила:

  • Поставување на термини и услови на работа;
  • Сигурност и конторла на системот со ограничување на авторските права и стопирање на илегални копии;
  • Следење на сигурноста на текстот;
  • Заштита на текстот преку модификација на документот;
  • Следење на технологиите за различни учесници во електронскиот процес.

Надворешни врски

уреди