Ешли Блејзер Бајден (родена на 8 јуни 1981 година) - американски социјален работник, активист, филантроп и моден творец. Таа била извршен директор во Делавер, центар за правда од 2014 до 2019 година. Пред нејзината адимистративна улога работела во Одделот за услуги за децата, младите и нивните семејства. Таа е основач на модната компанија „Лајвлих“ и соработува со мрежната малопродажба „Гилт Груп“ за да собере пари за програмите во заедницата. Ешли е ќерка на претседателот на САД, Џо Бајден, и е единствено дете од неговиот втор брак со Џил Бајден.

Ешли Бајден

Ран живот и семејство

уреди

Ешли е родена на 8 јуни 1981 во Вилмингтон, Делавер. Таа е ќерка на Џил Бајден и Џо Бајден. Ешли е полусестра на Хантер Бајден и Боу Бајден, кој починал. Тие се деца на нејзиниот татко од неговиот прв брак со Нилиа Хантер. Таа е правнука на Едвард Франсис Блевит. Има француско, англиско и ирско потекло од страната на таткото, а шкотско и сицилијанско потекло од страната на мајката.

Ешли израснала во католичка вера и била крстена во Сент Џозеф на Брендивин во Гринвил, Делавер.[1][2] За време на нејзиното детство, нејзиниот татко работел како сенатор на САД од Делавер, а нејзината мајка работела како воспитувачка.[3][4]

 
Енда Кени, Бајден, Џо Бајден и Фионуала Кени во Фармли во 2016 година.

Кога Ешли учела во основно училиште дознала дека дека козметичката компанија Боун Бел ги тестирала производите на животните. Таа напишала писмо до компанијата во кое ги прашала зошто не го сменат нивниот начин за тестирање на животни. Потоа се вклучила во зачувување на делфинот и го инспирирала својот татко да работи со конгресменката Барбара Боксер за да го донесе законот за информации за потрошувачите за заштитата на делфините од 1990 година. Ешли се појавила пред членовите на Конгресот на Соединетите држави да лобира за донесување на законот.

Образование и кариера

уреди

Ешли студирала културна антрополгоија на Тулејнскиот универзитет во Њу Орлеанс. За време на нејзините студии, таа работела, а по факултетот работела како келнерка во пицерија во Вилмингтон неколку месеци пред да ја започне кариерата во социјална работа. Таа се преселила во Кенсингтон, Филаделфија и започнала да работи како специјалист за клиничка поддршка во клиниката за детски достигнувања, помагајќи им на младите и нивните семејства со пристап до ресурси и работејќи директно со психијатри и терапевти. Таа станала магистер по социјална работа на Факултетот за социјална политика и пракса на Универзитетот во Пенсилванија во 2010 година. Таа била една од дванаесетте дипломирани студенти кои ја добиле наградата Џон Хоуп Френклин за борбата против американскиот расизам.

Социјална работа и активизам

уреди

Ешли работи како активист за социјална правда и социјален работник.[5] По завршувањето на постдипломското училиште, таа се вработила во Вест Енд Хаус, непрофитна организација.[4][6] Таа петнаесет години работела како социјален работник во Делавер одделот за услуги за деца, млади и нивни семејства.[7][8] Додека работела за одделот, Бајден создадала програми за млади кои се фокусираат на малолетничка правда, грижа и ментално здравје. Во 2012 година, таа се приклучлаи на Делавер центарот за правда како директор, фокусирајќи се на реформата на кривичната правда во државата.[3][9] Таа помогнала во воспоставувањето и водењето на програми и услуги во центарот фокусирани на јавно образование, услуги за возрасни жртви, насилство со оружје, затворени жени и повторно влегување во заедницата.[10] Надгледувајќи ги сите директни програми за сервисирање во центарот, Бајден работела со жртви на криминал, со млади и стари затвореници, со возрасни лица на условна казна и условно отпуштени, и други. Во 2014 година, таа била унапредена во извршен директор на центарот, каде останала на таа позиција до 2019 година.[11] Таа спровела програма наречена SWAGG: Студентски воини против оружје и банди, одобрена од Канцеларијата за малолетничка правда и превенција од деликвенција, која обезбедува образовни ресурси и групи за поддршка на заедницата насочени кон елиминирање на насилни злосторства и активности на банди меѓу младите во округот Њу Касл.

 
Бајден со децата од дневниот центар во Совето, Јужна Африка за време на официјалната посета во јуни 2010 година.

Во 2014 година, Бајден ја критикувала смртната казна, изјавувајќи дека таа не е делотворна и троши ресурси што можат да се употребат за жртвите и спречувањето на криминалот.[10]

Таа ја основала програмата „Млади и уметност“, која обезбедува ресурси и продажни места за студентите да создаваат уметнички дела додека се задржани во притвор, а потоа ја продава уметноста во заедницата.[10] Половина од приходите од уметноста одат директно на уметниците, а со другата половина се финансира програмата за купување на уметнички материјали и за исплата на платите на младите кои работат на уметнички претстави во заедницата. Преку програмата, Бајден исто така им предава на студентите деловни и финансиски вештини за писменост.

Мода

уреди

Во 2017 година, Бајден ја лансирала Livelihood Collection, етичка марка за модна облека, за време на модната недела во Њујорк.[12][13][14] На настанот присуствувале родителите и пријателите на Бајден, вклучувајќи ги Оливија Палермо и Кристијан Сиријано.[15][16]

Бајден го создаде брендот за да помогне во борбата против нееднаквоста во приходите и расната нееднаквост во САД.[3][7] Целиот приход од лансирањето на брендот на модната недела во Њујорк бил наменет за програми за заедниците на кои им е потребна помош.[17][18][19] Десет проценти од продажбата на брендот се донирани во организациите на заедницата во населбата Анакостија во Вашингтон и Риверсајд во Вилмингтон.[20] Производите се произведуваат со органски памук со американско потекло и се произведуваат во САД.[21][22] Таа одлучила да дизајнира дуксери поради нивната поврзаност со работничкото движење и нивното симболично значење кон движењата на социјалната правда.[23] Мрежното место на брендот дава информации за граѓанскиот ангажман и економската правда.

Заедно со Колин Атвуд, Барбара Тфанк, Рејчел Зои, Бибу Мухапати, Бетси Џонсон, Келвин Клајн, Оскар де ла Рента, Ана Суи, Пол Тазевел и други дизајнери и модни куќи, Бајден дизајнирала облека за кукли во 2017 година.[24][25][26] Изложбата започнала на 7 септември 2017 година на Менхетен.[27][28][29] Гостувала во Сан Диего, Лос Анџелес и неколку други градови низ САД пред да се затвори на 1 октомври 2017 година.

Во јуни 2020 година, Бајден ги дизајнирала униформите за персоналот во хотелот Хамилтон во Вашингтон.[20][30][31] Хотелот донирал 15.000 американски долари „Livelihood“.

Личен живот

уреди
 
Бајден и нејзиниот татко танцуваа хора на нејзиниот свадбен прием.

Во 2002 година, Ешли била уапсена во Чикаго и обвинета за попречување на полицаец.[32] Таа заминувала од еден клуб на улицата „Дивизион“ кога еден пријател, Џон Каулентис, фрлил конзерва од безалкохолен пијалак кон полицаец, и нејзината другарка Донохо, удрила полицаец. Ешли наводно „вербално нападнала“ еден офицер и била уапсена. Сите тројца биле ослободени по признавање на делото.

Во 2009 година, пријател на Ешли се обидел да продаде видео на кое наводно Ешли користи кокаин на забава, на Њујорк пост за 2 милиони долари.[33][34] Преговорите ја намалиле цената на 400 000 американски долари, но новинарот ја одбил понудата, наместо тоа објавил сторија за наводното видео.[35] Откако Њујорк пост ја објавиле сторијата, откриено е дека Ешли претходно била уапсена во 1999 година во Њу Орлеанс за поседување марихуана, но обвиненијата биле повлечени и таа била ослободена.[36]

Во 2010 година, таа започнала да се забавува со Хауард Керин, пластичен хирург и оториноларинголог.[37] Тие се венчале на католичко-еврејска меѓуверска церемонија во Сент Џозеф на Брендивин во 2012 година.[7][8][38] Нејзиниот сопруг, кој е Евреин, работи во универзитетската болница Томас Џеферсон и е професор за реконструктивна хирургија на Универзитетот Томас Џеферсон.[39]

Ешли е католик.[40] Таа им се придружила на нејзиниот сопруг, татко и брат во приватна аудиенција со папата Франциско во Ватикан во 2016 година.[41][42]

Во август 2020 година, Ешли зборувала на Демократската национална конвенција, пред нејзиниот татко да ја прифати номинацијата за демократски претседателски кандидат за претседател во 2020 година.[43][44][45] На 6 август, Бајден била домаќин на организиран настан за жените од Висконсин за Бајден, за да разговара за женската агенда, објавена од кампањата на нејзиниот татко, и да ја донесе свеста за женските проблеми на претседателските избори во САД во 2020 година.[46]

Наводи

уреди
  1. „Biden's daughter marries into the tribe“. timesofisrael.com.
  2. „Joe Biden Daughter, Ashley Biden, Howard Krein Wed“. PEOPLE.com.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ashley Biden Takes On The World“. August 22, 2018.
  4. 4,0 4,1 Politico (December 18, 2014). „Women Rule Keynote: Vice President Joe Biden“. Посетено на October 11, 2020.
  5. Calderon, Kelsie (November 26, 2019). „Ashley Biden's transformation is seriously turning heads“. TheList.com.
  6. „Ashley Biden - Biography & News“. News Break. Архивирано од изворникот на 2020-11-01. Посетено на 2020-11-19.
  7. 7,0 7,1 7,2 Walsh, Savannah (August 19, 2020). „All About Ashley Biden, Joe's Youngest Daughter With a Civically-Minded Fashion Label“. ELLE.
  8. 8,0 8,1 „Ashley Biden and Howard Krein (Published 2012)“. June 3, 2012.
  9. McBride, Jessica (August 21, 2020). „Ashley Biden, Joe's Daughter: 5 Fast Facts You Need to Know“.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Interview“ (PDF). cpb-us-w2.wpmucdn.com. 2014. Посетено на 2020-10-11.
  11. Rindner, Grant (August 20, 2020). „How Joe Biden's Children Have Inspired and Carried on His Political Legacy“. Oprah Magazine.
  12. Safronova, Valeriya (February 8, 2017). „Joe Biden Drops by a Fashion Party. The Reason? His Daughter. (Published 2017)“.
  13. Bourne, Leah. „Ashley Biden's New Sweatshirt Line Is Style With a Powerful Social Conscience“. Glamour.
  14. Shiffer, Emily (September 29, 2020). „Everything You Need To Know About Joe Biden's Four Children Before Tonight's Debate“. Women's Health.
  15. „Joe Biden's Fashion Designer Daughter Just Raised The Normcore Bar“. Grazia.
  16. „Joe Biden Takes Over New York Fashion Week With Gilt“. Guest of a Guest.
  17. „Former Vice President Joe Biden Supports Daughter Ashley's New York Fashion Week Event“.
  18. Nguyen, Diana (2017-02-08). „Ashley Biden Makes Her Fashion Designer Debut in a Hoodie“. E! Online. Посетено на 2020-10-11.
  19. „Former Vice President Joe Biden Supports Daughter Ashley's New York Fashion Week Event“.
  20. 20,0 20,1 News, The Lily. „She may join her father's campaign closer to 2020, but for now, Ashley Biden's focused on economic equality and hoodies“. thelily.com.
  21. „Ashley Biden Shows Ivanka Trump How to Make American Fashion Great Again“. EcoWatch. February 13, 2017.
  22. Mignucci, Melanie. „Joe Biden's Daughter Launched Clothing That's ACTUALLY Made in the U.S.“. Teen Vogue.
  23. „How Joe Biden's daughter is giving back with her new hoodie line“. TODAY.com.
  24. „Snoopy's Fashion Tour“. apparelnews.net.
  25. „Snoopy and Belle In Fashion“. Snoopy and Belle In Fashion.
  26. „Snoopy & Belle in Fashion“. Arts Brookfield.
  27. Feitelberg, Rosemary; Feitelberg, Rosemary (September 7, 2017). „Will Joe Biden Run in 2020? His Designer Daughter Ashley Sure Hopes So“.
  28. „New Snoopy and Belle Exhibit features Hamilton Costumes“. The Recessionista®. September 7, 2017.
  29. Nast, Condé. „Snoopy and Belle's Fashion Exhibition Party at Brookfield Place“. Vogue.
  30. „What Will Her Dad's Campaign Mean for Ashley Biden's Fashion Line?“. August 12, 2019.
  31. Givhan, Robin. „Ashley Biden knows a presidential campaign is coming. For now, she's talking hoodies and economic inequality“.
  32. services, Items compiled from Tribune news. „Senator's daughter arrested in Chicago“. chicagotribune.com (англиски). Посетено на 2020-10-17.
  33. 'Joe Biden's daughter caught on camera snorting Cocaine'. Hindustan Times. March 30, 2009.
  34. „Sen. Biden's Daughter Arrested in Altercation“. Los Angeles Times. August 4, 2002.
  35. Hogan, Mike. „Ashley Biden, Drugs, and the Real Cause for Outrage“. Vanity Fair.
  36. „Report: Joe Biden's family members have prior arrests for drugs and drunk driving. So why no jail time?“. Law Enforcement Today. July 12, 2020. Архивирано од изворникот на 2021-01-19. Посетено на 2020-11-19.
  37. Fenton, Erin (August 18, 2020). „The truth about Ashley Biden's husband“. TheList.com.
  38. „Ashley Biden, daughter of U.S. Vice President, marries Jewish doctor“. Haaretz.com.
  39. News, A. B. C. „Meet Joe Biden's Future Son-in-Law“. ABC News.
  40. Gibson, Ginger (August 25, 2008). „Parishioners not surprised to see Biden at usual Mass“. The News Journal.
  41. „Vice President Joe Biden Meets With Pope Francis“. KPEL 96.5.
  42. Press, The Associated. „The Latest: Biden meets with Vatican secretary of state“. vvdailypress.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-17. Посетено на 2020-11-19.
  43. „Democrats Announce Highlights for Final Night of the 2020 Democratic National Convention“. 2020 Democratic National Convention. August 20, 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-15. Посетено на 2020-11-19.
  44. „Hunter Biden, Ashley Biden show support for dad Joe at DNC“. news.yahoo.com.
  45. „Hunter and Ashley Biden speak on behalf of their father“. McClatchydc. August 20, 2020. Посетено на October 11, 2020.
  46. „Wisconsin Women for Biden Organizing Event with Ashley Biden“. St. Croix County Democratic Party. Архивирано од изворникот на 2020-10-17. Посетено на 2020-11-19.