Ефтим Методиев Ефтимов

Ефтим Методиев Ефтимов е роден на 21 февруари 1938 година во селото Микрево, Пиринска Македонија, Бугарија. Поради неговото јавно изјавување дека се чувствува Македонец и поради тоа што првородната ќерка ја именувал „Македонка“ е бркан од агенти на Државна безбедност (ДС) и Народна милиција, уапсен во Благоевград и осуден. 1965-1966 година одлежал затворска казна во Стара Загора. По излегувањето од затвор сè до 1978 година е под надзор на бугарската полиција. Тогаш бега во Берово, Социјалистичка Република Македонија. Разочаран дека таа федеративна република не е самостојна македонска држава преку Липица и Трст имигрира во Австралија. Автор на 5 книги со наслов „Македонија-икона на вечниот живот“.

Ефтим Ефтимов
Роден 1938
Микрево, Бугарија

Литература

уреди