Мирон е вајар од класичниот период во уметноста во Стара Грција.

Фрлач на диск, Дискоболос, римска копија во бронза.

Радботел скоро исклучиво во бронза. Правел статуи на богови и херои, но се прославил со прикази на атлетичари поради воведување на нагласенот на движења. Тој го ослободил движењето - фигурата се движи по вертикален план и има торзиј до крај спроведен во еден правец, како да треба да почне одмотување. Неговото движење не е моментна состојба, туку суштина на манифестацијата.

Законот на движења е Миронов мимезис - движење е во онаа што вечно живее. Бил голем мајстор во обликување на тела на животни.

Негови најпознати дела според Плиниј се крава, Ладас тркач, кој паднал мртов во моментот на победата (не постои позната копија) и Дискоболос - фрлач на диск.

Постојат неколку копии на дискоболос, од кои најдобрата се наоѓа во Масими палатата во Рим. Примерокот во Британскиот музеј има погрешно поставена глава. Атлетот е прикажан во моментот на замавнување непосредно пред да го фрли дискот.

Мермерната фигура во Латеран музејот, која се нарекува Разигран сатир, е скоро сигурно копија на Мироновото дело. Го прикажува Марсајас кој го зема аулето кое го фрлила Атена.

Античките критичари зборуваат дека Мирон, иако фантастично успевал да даде живот и движење на телата, не постигувал да прикаже емоции и карактер.

Во голем број на дела се препознава влијанието на Мирон, но не постојат докази заучилиште кое он евентуално го водел.

Неодамна откриениот папирус од Египет зборува дека Мирон ја изработил статуата на атлетот Тимантес, победник во Олимпија 456 година п.н.е. и на Лицинус, победник во 448 и 444 година п.н.е. Од тоа дознаваме дека бил нешто постар современик на Фидиј и Поликлет.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди