Есенска песна
Есенска песна - збирка поезија на францускиот поет Пол Верлен. Книгата е објавена од страна на издавачката куќа „Македонска книга“ во 1987 година. Изборот и препевот го направил Паскал Гилевски.
Содржина
уредиВо книгата се застапени 34 песни на Верлен, во четири циклуси:[1] Циклусот „Меланхолија“ ги содржи песните: Nevermore, Мојот интимен сон, По три години, Желба, Умор, Зајдисонце, Чувствителна прошетка, Мистичен залез, Есенска песна, и Славеј.
Циклусот „Галантни свечености“ ги содржи песните: Месечева светлина, Наивните момчиња, Школки, Сентиментален разговор, Луната бела, Нејзината десна рака со гест мил и палав, Ќе заврши срце мое тешката проба, Каминот, интимниот ламбен лач, и Јас лутав по патиштата мрежни.
Циклусот „Романси без зборови“ ги содржи песните: О, морно восхитување, Низ еден мрмор чуден јас ги следам, В плач ќе прсне моево срце, Пијаното што го бакнуваат раце нежни, О тажната душа ми свена, Заборавен напев, Green, Spleen, Убост и слабост женска, Рацете мили некогаш што беа мои, О, мој боже, твојата љубов ме рани, Песната на Гаспар Хосе, Мрачен сон се вие, Од затворот, и Тагата ломна на човечкото тело.
Циклусот „Песни за неа “ ги содржи песните: Никој како мене под небото цело, Сезоната што се ближи, Ако сакаш ти, незналке красна, Тебе те сонив ноќва јас, и Јас сум верувал, но сега сè е свршено.
На крајот од книгата се наоѓа поговор со наслов „За поезијата на Пол Верлен“, напишан од Паскал Гилевски.
Технички информации
уредиКнигата е со димензии од 23 сантиметри и има 82 страници. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, но не ја поседува меѓународната ознака ISBN. Ликовното уредување го направил Коста Бојаџиевски, илустрациите во книгата се дело на Аристид Мајол, а коректурата ја извршила Емануела Костова. Книгата била отпечатена во печатницата „Нова Македонија“, во Скопје.[1]