Ер (езеро)
Езерото Ер (англиски: Lake Eyre, на јазикот на домородците: Kati-tanda) е, во ретки случаи кога е полно, најголемо езеро во Австралија (и државата и континентот). Се наоѓа на околу 15 метри под нивото на морето[1][2] и по тоа е најниска точка во Австралија. Максималната површина на езерото изнесува 9.500 -{км2}-. Ова солено еезеро се наоѓа во центарот на басенот на езерото Ер.
Ер | |
---|---|
Поглед кон езерото од вселената | |
Подрачје | северен дел на Јужна Австралија |
Координати | 28°22′00″S 137°22′00″E / 28.36667° ЈГШ; 137.36667° ИГД |
Главни истеци | испарување |
Сливни земји | Австралија |
Површина | 9,500 km2 (3,668 ми) (мак) км2 |
Прос. длабочина | 1.5 м (5 ст) (секои 3 години), 4 м (13 ст) (секоја декада) м |
Надм. височина | −15 м (−49 ст) м |
Името езерото го добило по британскиот истражувач Едвард Џон Ер, кој го открил езерото во 1840 година.[3]
Езерото Ер се наоѓа во сушната област во централна Австралија, на северот од сојузната држава Јужна Австралија. Тоа е најнискиот дел од солените пустински рамнини. Во најсушните периоди езерото испарува и се дели на два дела (Северно и Јужно Езеро Ер, кои се поврзани со канали). Во текот на дождовните сезони реките носат вода од северозападот на областите Аутбек и Квинсленд. Количината на монсунските врнежи ја одредува длабочината на езерото. Еднаш на секои три години езерото достигнува длабочина од 1,5 метри, а еднаш во една деценија длабочината достигнува до 4 метри. Секои 25 години езерото потполно се полни, додека веќе наредното лето, поголемиот дел од водата испрува.
Наводи
уреди- ↑ „Rare Filling of Kati Thanda-Lake Eyre“. earthobservatory.nasa.gov (англиски). 2019-05-28. Посетено на 2022-01-30.
- ↑ „Kati Thanda-Lake Eyre National Park“. National Parks and Wildlife Service South Australia (англиски). Посетено на 2022-01-30.
- ↑ „1 May 1839 Edward John Eyre (Celebrating South Australia)“. www.sahistorians.org.au. Архивирано од изворникот на 2020-10-12. Посетено на 2022-01-30.
Надворешни врски
уреди- Слики од езерото Ер (агенција НАСА):
- http://earthobservatory.nasa.gov/Newsroom/NewImages/images.php3?img_id=10841 Архивирано на 24 септември 2008 г.
- http://earthobservatory.nasa.gov/Newsroom/NewImages/images.php3?img_id=11763 Архивирано на 21 септември 2008 г.
- Јахтинг-клуб на езерото Ер
- Статија за езерото Ер
„Ер (езеро)“ на Ризницата ? |