Ерос (филм)
„Ерос“ (Eros) — омнибус-филм од 2004 година, во режија на Кар-вај Вонг, Стивен Содерберг, Микеланџело Антониони. Главните улоги ги граат: Роберт Дауни Јуниор, Алан Аркин, Гонг Ли и Чанг Чен.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажани три приказни за љубовта и за сексот. Првата приказна носи наслов „Шака“ и зборува за еден неискусен кројачки помошник кој се вљубува во проститутка. Во втората приказна, наречена „Еквилибриум“, Ник Пенроуз оди на психотерапија зашто чувствува голем сстрес не само поради почетокот на големиот деловен проект, туку и поради сонот за една жена кој постојано му се повторува. Третата приказна, „Опасна низа од работи“ зборува за еден пар кој мора да ја прекине врската, иако двајцата очигледно се сакаат, зашто постојано се расправаат...