Ерменски гробишта во Џулфа

Ерменските гробишта во Џулфа (ерменски: Ջուղայի գերեզմանատուն, Jughayi gerezmanatun) биле антички гробишта во близина на градот Џулфа во Автономната Република Азербејџан, со приближно 10,000 камени гробници, од кои околу 5.000 останале зачувани во одлична состојба, до средината на дваесеттиот век[1]. Надгробните споменици биле уникатни Ерменски христијански споменици од среден век изработени од црвеникави или портокалови камења слични на стечците . Кон крајот на 1990-тите, по завршувањето на војната во Нагорно-Карабах , гробиштата сè уште биле зачувани и негибнати, но тогаш азербејџанските власти започнале да ги уништувааат[2].

Денес се останати мал број споменици и се наоѓаат во Ерменија .

Реакции

уреди

Ерменските власти и меѓународните организации, организираа повеќе протести во кои ја осудуваат владата на Азербејџан и ја повикуваат истата да го запре уништувањето на спомениците. Во 2006 година, Азербејџан ги оневозможил пратениците на Европски парламент да ја посетат областа со цел да ја утврдат состојбата. Во 2007 година, делегација на парламентарното собрание на Советот на Европа повторно се обидела да ја посети месноста со намера да ги посети и Баку, Ереван, Тбилиси и Нагорно-Карабах. Азербејџанската влада овој пат се спротивставила на намерата на мисијата да влезе во територијата на Нагорно-Карабах од Ерменија и побара тие да влезат во регионот од Азербејџан. Поради затворената линија на разделување и целокупната забрана на азербејџанците за поставување за ригистрирање на цпомемиците, во Нагорно-Карабах не можеле да влезт во Азербејџан. Покрај претставниците на европските институции, загриженост за уништување на спомениците изразила и Владата на Исламската Република Иран. Наоѓалиштето лежи на границата со Иран и е видлив од другиот брег на реката од каде биле видливи активности за уништување на спомениците од страна на азербејџанските војници. Во април 2011 година, американскиот амбасадор во Азербејџан Метју Бриза го посети Нахчиван, но бил спречен од азербејџанските власти да го посетат и Џулфа[3]

Зачувани споменици

уреди
Џулфа, предворие од Соборниот храм

Наводи

уреди
  1. azerbaijan
  2. „armenian-cemetery“. Архивирано од изворникот на 2020-04-22. Посетено на 2020-04-03.
  3. The 21st century’s most extensive campaign