Ердеш-Морделово неравенство

Во Евклидовата геометрија, Ердеш-Морделовото неравенство вели дека за секој триаголник ABC и точка P во ABC, збирот на растојанијата од P до страните е помал или еднаков на половина од збирот на растојанијата од P до темињата. Именуван е по Пал Ердеш и Луис Мордел. Ердеш (1935) го поставил проблемот за докажување на нееднаквоста; доказот го дале Мордел и Д. Ф. Бароу (1935) две години подоцна. Но, ова решение не било многу елементарно. Последователни поедноставни докази биле дадени од Казариноф (1957), Банкоф (1958) и Алсина & Нелсен (2007).

Неравенството на Бароу е зајакната верзија на Ердеш-Морделовото неравенство во која растојанијата од P до страните се заменети со растојанијата од P до точките каде симетралите на аглите на ∠APB, ∠BPC и ∠CPA ги сечат страните. Иако заменетите растојанија се подолги, нивниот збир сепак е помал или еднаков на половина од збирот на растојанијата до темињата.

Формулација

уреди
 
Ердеш-Морделово неравенство (Erdős–Mordell)

Нека   е произволна точка во даден триаголник  , и нека  ,   и   се нормалите од   кон страните на триаголникот. (Ако триаголникот е тапоаголен, една од овие нормали може да пресече друга страна на триаголникот и да заврши на потпорната права која содржи една од страните.) Тогаш неравенството гласи

 

Доказ

уреди

Нека страните на ABC се: a e наспроти A, b е наспроти B и c е наспроти C. Исто така, нека   Прво, докажуваме дека

 

што е еквивалентно на

 

Десната страна е плоштината на триаголникот ABC, но на левата страна, r + z не е помал од висината на триаголникот. Следствено, левата страна не може да биде помала од десната страна. Сега, ја пресликуваме P симетрично во однос на симетралата на аголот при темето C. Гледаме дека cray + bx за сликата (рефлексијата) на P. Слично на тоа, bqaz + cx и apbz + cy . Ги решаваме овие неравенки за r, q и p :

 
 

 

Се собираат трите неравенки и добиваме

 

Бидејќи збирот на позитивен број и неговиот реципрочен број е најмалку 2, заради неравенството помеѓу аритметичката и геометриската средина, доказот е завршен. Еднаквост важи само за рамностран триаголник, каде што P е неговиот центар.

Друга (појака) верзија

уреди

Нека ABC е триаголник впишан во кружница (O) и P е точка во внатрешноста на ABC. Нека D, E, F се ортогоналните проекции на P врз BC, CA, AB. M, N, Q се ортогоналните проекции на P врз тангентите на (O) во A, B, C соодветно, тогаш:

 

Eднаквост важи ако и само ако триаголникот ABC е рамностран (Dao, Nguyen & Pham 2016 ; Marinescu & Monea 2017 )

Обопштувањe

уреди

Нека   е конвексен многуаголник и   е точка од внатрешноста на  . Нека   е растојанието помеѓу   и темето  ,   е растојанието од   до страната  ,   е отсечката на симетралата на аголот   од   до нејзиниот пресек со страната  , тогаш (Ленард 1961):

 

Во апсолутна геометрија

уреди

Во апсолутната геометрија, Ердеш-Морделовото неравенство е еквивалентно, како што е докажано во Pambuccian (2008), на ставот дека збирот на аглите во триаголник е помал или еднаков на два прави агли.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Alsina, Claudi; Nelsen, Roger B. (2007), „A visual proof of the Erdős-Mordell inequality“, Forum Geometricorum, 7: 99–102, Архивирано од изворникот на 2020-07-16, Посетено на 2024-06-26.
  • Bankoff, Leon (1958), „An elementary proof of the Erdős-Mordell theorem“, American Mathematical Monthly, 65 (7): 521, doi:10.2307/2308580, JSTOR 2308580.
  • Dao, Thanh Oai; Nguyen, Tien Dung; Pham, Ngoc Mai (2016), „A strengthened version of the Erdős-Mordell inequality“ (PDF), Forum Geometricorum, 16: 317–321, MR 3556993, Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-24, Посетено на 2024-06-26.
  • Erdős, Paul (1935), „Problem 3740“, American Mathematical Monthly, 42: 396, doi:10.2307/2301373, JSTOR 2301373.
  • Kazarinoff, D. K. (1957), „A simple proof of the Erdős-Mordell inequality for triangles“, Michigan Mathematical Journal, 4 (2): 97–98, doi:10.1307/mmj/1028988998.
  • Lenhard, Hans-Christof (1961), „Verallgemeinerung und Verschärfung der Erdös-Mordellschen Ungleichung für Polygone“, Archiv für Mathematische Logik und Grundlagenforschung, 12: 311–314, doi:10.1007/BF01650566, MR 0133060.
  • Marinescu, Dan Ștefan; Monea, Mihai (2017), „About a strengthened version of the Erdős-Mordell inequality“ (PDF), Forum Geometricorum, 17: 197–202, Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-24, Посетено на 2024-06-26.
  • Mordell, L. J.; Barrow, D. F. (1937), „Solution to 3740“, American Mathematical Monthly, 44: 252–254, doi:10.2307/2300713, JSTOR 2300713.
  • Pambuccian, Victor (2008), „The Erdős-Mordell inequality is equivalent to non-positive curvature“, Journal of Geometry, 88 (1–2): 134–139, doi:10.1007/s00022-007-1961-4.

Надворешни врски

уреди