Ерафајекидл
Ерафајекидл (исландски: Öræfajökull) — вулкан во југоисточен Исланд покриен со мраз. Најголемиот активен вулкан и највисок врв во Исланд со 2110 метри кој се наоѓа во Националниот Парк Ватнајекидл и покриен е со ледникот.
Ерафајекидл | |
---|---|
Поглед на Ерафајекидл. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2,109.6 метарs (6,921 ст) на Кванаталсхнукир [1] |
Истакнатост | 2,109.6 метарs (6,921 ст) на Кванаталсхнукир |
Координати | 64°00′N 16°39′W / 64.000° СГШ; 16.650° ЗГД |
Географија | |
Место | Исланд |
Матичен венец | Средноатлански гребен |
Геологија | |
Старост на карпата | Плеистоцен |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 1727 до 1728 |
Опис
уредиСместен во југоисточен Исланд на околу 200 милји од главниот град, Рејкјавик, вулканот се наоѓа под Ватнајекидл, најголем ледник во Европа. Неговата ерупција во 1362 била најексплозивната ерупција од населувањето на Исланд, дури и поексплозивна од онаа на планината Везув која во 79 година го уништила градот Помпеја.[2]
Ерафајекидл се наоѓа во јужниот крај на ледникот Ватнајекидл и со поглед на обиколницата помеѓу Хепн и Вик. Тоа е најголемиот активен вулкан во земјата, а на северозападниот гребен на највисокиот кратер е Кванаталсхнукир, највисокиот врв во Исланд со 2110 метри надморска височина . Географски гледано, Ерафајекидл се смета за дел од Ватнајекидл и површината покриена со ледникот е во граница на Националниот Парк Ватнајекидл.
Активност
уредиЕрафајекидл избувнал двапати во историските времиња, во 1372 и 1728.
Ерупција во 1372
уредиВо 1362, вулканот избил експлозивно,[3] со огромни количини на тефра која била исфрлена. Областа на Литла-Херад била уништена од поплави и падната тефра. Повеќе од 40 години поминале пред луѓето повторно да ја населат областа, која станала позната како Ерефи. Името буквално значи област без пристаниште, но на исландски тоа значи пустелија.
Ерупција во 1728
уредиЕдна ерупција во август 1727-28 била помала отколку во 1372, иако со поплавите се знае дека биле предизвикани од три смртни случаи.
Активност во 2017
уредиЗголемена земјотресна активност во форма на мали потреси кои се движат од длабочина од 1,5 - 10 километри под самитот кратер, започнале во август 2017 според Исландската метеоролошка канцеларија. На почетокот на декември забележани биле 160 мали земјотреси и депресија во снегот од 72 стапки што покажува вулканска активност.
Алармот бил подигнат на жолто на 17 ноември 2017, по појавата на подледничка ерупција во внатрешноста на главниот кратер и зголемување на геотермална активност под ледникот[4].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ "Hvannadalshnukur". Summitpost.com. Retrieved 2013-08-09.
- ↑ „Iceland's Most Dangerous Volcano Appears to Be Waking Up, Prompting Officials to Raise Alert | The Weather Channel“. The Weather Channel (англиски). Посетено на 2017-12-09.
- ↑ „The 1362 AD Öræfajökull eruption, Iceland: Petrology and geochemistry of large-volume homogeneous rhyolite“. www.sciencedirect.com. Посетено на 2017-12-09.
- ↑ „The latest on Iceland's Oraefajokull volcano and whether it will erupt“. The Sun (англиски). 2017-12-08. Посетено на 2017-12-09.
Надворешни врски
уреди- Ерафајекидл Архивирано на 4 февруари 2017 г. во Каталогот вулкани на Исланд
- Вулканот н Архивирано на 18 јуни 2006 г. из фотографии
- Фотографии од[мртва врска] Ерафајекидл www.Icelandportfolio.com
- http://www.volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1704-01= Архивирано на 14 ноември 2020 г.