Енгелани
(Пренасочено од Енхелеи)
Енгелани или Енхелеи ― палеобалканска популација, која ги населувала териториите во југозападниот дел на Македонија, областите околу Охридското езеро. Најстаро познато население во Охридско-струшкиот регион.[1]
Најверојатно припаѓале на горномакедонската група племиња. Последен пат се споменуваат во 3 век п.н.е. за време на војната на македонскиот крал Филип V против Илирите.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 176. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)