Енецки јазик

(Пренасочено од Енецски јазик)

Енецски јазикуралски јазик и спаѓа во подгрупата на северни самоједски јазици на самоједската група на јазици. Јазикот го зборуваат Енеците во краснојарскиот крај во Русија. Има два дијалекта и тоа: енецко-шумски и енецко-тундрански јазик. Го зборуваат околу 70 луѓе и тоа најмногу се постаро население. Покрај енецскиот јазик го зборуваат и рускиот јазик.

Енецки јазик
Онаь базаан
Застапен воРусија
ПодрачјеКраснојарски крај, покрај течението на Јенисеј
Народ230 Енеци (попис 2010)
Говорници40  (2010)
Јазично семејство
уралско
Јазични кодови
ISO 639-3или:
enf — енецко-шумски
enh — енецко-тундрански

Дијалекти

уреди

Енецките дијалекти може да се поделат на две групи, енецко-шумски и енецко-тундрански.

Енецко-шумскиот е помал. Според податоците од зимата во 2006 година, овој дијалект го зборувале само 35 луѓе, од кои 6 во Дудинка, 20 во Потапова и 10 во Тухард. Најмладиот говорник на дијалектот е роден во 1962 година, а најстариот во 1945. Скоро сите зборуваат енецки (двата дијалекта) и руски.

Двата дијалекта се разликуваат според фонологијата и зборовниот фонд. Во записите од 17 и 19 век се пронашле и други дијалекти на енецкиот, но веќе се изумрени.[1]

Фонолошки разлики:

  • Во некои зборови, енецко-шумскиот глас /s/ се совпаѓа со енецко-тундранскиот /ɟ/.
    • шумскиот mese — тундрански meɟe 'ветер' (од *merse < *märkʲä);
    • шумскиот osa — тундрански uɟa 'месо' (од *ʊnsa < *əmså);
  • Во некои зборови, шумската почетен група /na/ се совпаѓа со тундранската /e/ (од прасамоједскиот *a- > *ä-).
  • Почетната група на шумскиот /ɟi/ се совпаѓа со тундранската /i/.

Разлики во зборовнито фонд:

  • шумски eba — тундрански aburi 'глава'
  • шумски baða — тундрански nau 'збор'
  • шумски ʃaru — тундрански oma 'тутун'

Азбука

уреди
А а Б б В в Г г Д д Е е Ё ё Ԑ ԑ
Ж ж З з И и Й й К к Л л М м Н н
Ӈ ӈ О о П п Р р С с Ҫ ҫ Т т У у
Ф ф Х х Ц ц Ч ч Ш ш Щ щ ъ Ы ы
ь Э э Ю ю Я я

Фонологија

уреди

Комбинирано од сите дијалекти на енецкиот јазик се добива следнава фонемска структура:[2], Forest Enets (Siegl 2013)[3], Tundra Enets (Nikolaeva 2014)[4].

Самогласки

уреди
предни средни задни
високи i ɨ u
средни e, ɛ ə o
ниски æ a ɑ ɒ

Согласки

уреди
двоусни запчени тврдонепчени меконепчени посталвеоларни
експлозивни p, b t, d pʲ, bʲ, tʲ, dʲ k, g q, ʔ
африкати t͡s, t͡ʃ t͡sʲ, t͡ʃʲ
фрикати s, ʃ, ð sʲ, ʃʲ x h
носни m n mʲ, nʲ ŋ
латерални l
вевни r
полусамогласки w j
  1. Согласките кои се пред i и e се палатализирани.[5]

Наводи

уреди
  1. Helimskij, Eugen (1985). „Die Feststellung der dialektalen Zugehörigkeit der encischen Materialen“. Dialectologia Uralica: Materialien des ersten Internationalen Symposions zur Dialektologie der uralischen Sprachen 4.-7. September 1984 in Hamburg. Veröffentlichungen der Societas Uralo-Altaica. ISBN 3-447-02535-2.
  2. Künnap, Ago (1999). Enets.
  3. Siegl, Florian (2013). Materials on Forest Enets, an Indigenous Language of Northern Siberia.
  4. Nikolaeva, Irina (2014). A grammar of Tundra Nenets.
  5. „Enf/Phonology - ProAlKi“. proalki.uni-leipzig.de (англиски).

Надворешни врски

уреди