Енецки јазик
Енецски јазик — уралски јазик и спаѓа во подгрупата на северни самоједски јазици на самоједската група на јазици. Јазикот го зборуваат Енеците во краснојарскиот крај во Русија. Има два дијалекта и тоа: енецко-шумски и енецко-тундрански јазик. Го зборуваат околу 70 луѓе и тоа најмногу се постаро население. Покрај енецскиот јазик го зборуваат и рускиот јазик.
Енецки јазик | |
---|---|
Онаь базаан | |
Застапен во | Русија |
Подрачје | Краснојарски крај, покрај течението на Јенисеј |
Народ | 230 Енеци (попис 2010) |
Говорници | 40 (2010) |
Јазично семејство | уралско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | или: enf — енецко-шумски enh — енецко-тундрански |
Дијалекти
уредиЕнецките дијалекти може да се поделат на две групи, енецко-шумски и енецко-тундрански.
Енецко-шумскиот е помал. Според податоците од зимата во 2006 година, овој дијалект го зборувале само 35 луѓе, од кои 6 во Дудинка, 20 во Потапова и 10 во Тухард. Најмладиот говорник на дијалектот е роден во 1962 година, а најстариот во 1945. Скоро сите зборуваат енецки (двата дијалекта) и руски.
Двата дијалекта се разликуваат според фонологијата и зборовниот фонд. Во записите од 17 и 19 век се пронашле и други дијалекти на енецкиот, но веќе се изумрени.[1]
Фонолошки разлики:
- Во некои зборови, енецко-шумскиот глас /s/ се совпаѓа со енецко-тундранскиот /ɟ/.
- шумскиот mese — тундрански meɟe 'ветер' (од *merse < *märkʲä);
- шумскиот osa — тундрански uɟa 'месо' (од *ʊnsa < *əmså);
- Во некои зборови, шумската почетен група /na/ се совпаѓа со тундранската /e/ (од прасамоједскиот *a- > *ä-).
- Почетната група на шумскиот /ɟi/ се совпаѓа со тундранската /i/.
Разлики во зборовнито фонд:
- шумски eba — тундрански aburi 'глава'
- шумски baða — тундрански nau 'збор'
- шумски ʃaru — тундрански oma 'тутун'
Азбука
уредиА а | Б б | В в | Г г | Д д | Е е | Ё ё | Ԑ ԑ |
Ж ж | З з | И и | Й й | К к | Л л | М м | Н н |
Ӈ ӈ | О о | П п | Р р | С с | Ҫ ҫ | Т т | У у |
Ф ф | Х х | Ц ц | Ч ч | Ш ш | Щ щ | ъ | Ы ы |
ь | Э э | Ю ю | Я я |
Фонологија
уредиКомбинирано од сите дијалекти на енецкиот јазик се добива следнава фонемска структура:[2], Forest Enets (Siegl 2013)[3], Tundra Enets (Nikolaeva 2014)[4].
Самогласки
уредипредни | средни | задни | |
---|---|---|---|
високи | i | ɨ | u |
средни | e, ɛ | ə | o |
ниски | æ | a | ɑ ɒ |
Согласки
уредидвоусни | запчени | тврдонепчени | меконепчени | посталвеоларни | |
---|---|---|---|---|---|
експлозивни | p, b | t, d | pʲ, bʲ, tʲ, dʲ | k, g | q, ʔ |
африкати | t͡s, t͡ʃ | t͡sʲ, t͡ʃʲ | |||
фрикати | s, ʃ, ð | sʲ, ʃʲ | x | h | |
носни | m | n | mʲ, nʲ | ŋ | |
латерални | l | lʲ | |||
вевни | r | rʲ | |||
полусамогласки | w | j |
- Согласките кои се пред i и e се палатализирани.[5]
Наводи
уреди- ↑ Helimskij, Eugen (1985). „Die Feststellung der dialektalen Zugehörigkeit der encischen Materialen“. Dialectologia Uralica: Materialien des ersten Internationalen Symposions zur Dialektologie der uralischen Sprachen 4.-7. September 1984 in Hamburg. Veröffentlichungen der Societas Uralo-Altaica. ISBN 3-447-02535-2.
- ↑ Künnap, Ago (1999). Enets.
- ↑ Siegl, Florian (2013). Materials on Forest Enets, an Indigenous Language of Northern Siberia.
- ↑ Nikolaeva, Irina (2014). A grammar of Tundra Nenets.
- ↑ „Enf/Phonology - ProAlKi“. proalki.uni-leipzig.de (англиски).