Отвори го главното мени

Емануел Греј „Еми“ Росум (родена на 12 септември 1986 г.) — американска глумица и пејачка.

Еми Росум
Emmy Rossum at The Ripple Effect charity event in Los Angeles, December 2011.
Росум во 2010 година
Роден(а)Емануел Греј Росум
12 септември 1986 (1986-09-12) (33 г.)
Менхетен, Њујорк, САД
ЗанимањеГлумица • пејачка
Активен период1993–сè уште
СопружникЏастин Сигел (2008–2010)
ПартнерСем Есмаил (2013–денес)
Страница
emmyrossum.com

Таа е позната по улогата на Фиона Галагер во телевизиската серија Бесрамници.[1] На почетокот на својата кариера, таа играла во филмовите Ловец на песни (2000), Американска рапсодија (2001) и Судбина (2002). Таа ѝ станала позната на пошироката јавност со улогата во мистериозната драма Мистична река (2003). Таа глумела во научно-фантастичниот филм Денот после утре (2004) и добила пофалби од критичарите за изведбата во главна улога во Фантомот од операта (2004). Таа одтогаш глумела во филмовите Посејдон (2006), Драгонбол: Еволуција (2009), Предизвик (2009) Прекрасни суштества (2013), Пред да исчезнам (2014), Ти не си ти (2014) и Комета (2014).

Во 2007 година, Росум го издала својот деби албум, Inside Out. Истата година таа издала божиќен мини-албум, насловен Carol of the Bells. Во 2013 година, таа го издала вториот албум Sentimental Journey.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди