Посејдон (филм од 2006)

Посејдон (англиски: Poseidon) — американски филм од 2006 година, во режија на Волфганг Петерсен. Главните улоги ги играат: Курт Расел, Ричард Драјфус, Џош Лукас и Еми Сосам. Филмот, кој претставува трета адаптација на романотАвантурата на Посејдон“, бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти.

Содржина

уреди

Огромниот брод „Посејдон“, со 2.000 патници, е на крстарење низ Атлантскиот Океан. Додека патниците ја слават Нова Година, бродот удира во подводна карпа. Капетанот наредува сите да чекаат помош, но коцкарот Дилан одлучува самостојно да си ја испроба среќата. Во неговата борба му се придружуваат очаен татко, кој ги бара ќерката и нејзиниот свршеник, самохрана мајка со нејзиниот интелигентен син, слепа патничка и малодушен човек кој страда од депресија и кој планирал да се самоубие, но сега сака да остане жив.[1]

Наводи

уреди
  1. „Бродолом среде новогодишната ноќ“, Антена, број 869, 20.2.2015, стр, 3.