Емили Ман (модел)
Емили Ман е англиски модел и музичарка. Родена е во Стрејтам, Лондон. Таа студирала на архитектонската школа Бартлет. Во 2005 година, таа зазема дел во реалното шоу на програмата "Channel 5" - „Направи ме супермодел“ во соработка со агенцијата Селект, каде работи со филмски работници и фотографи, а особено со Перу (анг. Perou) и Дејвид Лам.
Емили Ман | |
---|---|
Роден(а) | Стратам, Лондон, Англија |
Националност | Британска |
Познат(а) по | Модел |
Ман e прикажанa во ЌНајлонската книга за глобален стилЌ и „100 кул брендови“ за „Будистички панк“. Таа исто така се појавува во Vogue (Италија и Велика Британија), "Vanity Fair", "FHM", "ELLE", "Cosmopolitan", "Grazia", "Telegraph Magazine", Marmalade, Dazed и i-D списанијата. Таа има искуство како модел во првата сезона на Хана Маршал, снимена од Давид Лам.
Ман се појавува во реклами и за музички видеа на MTV, Girls of FHM, Zongamin, Whitey и Zoot Women .
Под диџејското име „Емили Стрејнџ“, Ман била и редовен диџеј во Лондон. Емили Ман го основа „Теско диско“ со колектив на пријатели кои ги курираат неделните настани.[1][2]
Ман има искуство и како басист во групата Клиент, во која е позната како „Клиент Е“.
Наводи
уреди- ↑ „London's Dress Up Clubs“. Time Out London. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 21 September 2014.
- ↑ „London's Happenings Hitlist“. Time Out London. Архивирано од изворникот на 2013-05-14. Посетено на 21 September 2014.