Емилија Јакшиќ
Емилија Јакшиќ-Никезиќ (1924 — 1949), била учесник во Народноослободителната борба и општествено-политички работник на НР Србија.
Емилија Јакшиќ | ||
Родена | 29 април 1924 Белград, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починала | 29 ноември 1949 Обреновац, ФНР Југославија | (возр. 25)|
Сопружник | Марко Никезиќ |
Животопис
уредиЕмилија Јакшиќ е родена на 29 април 1924 година во Белград. Во младинското револуционерно движење се приклучила како ученичка во гиманзија. Станала член на Сојузот на Комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) во 1940 година, на свои 16 години. Во август 1941 година, станала активен учесник на Народноослободителното движење и влегла во раководството на СКОЈ.
Како младински раководител учествувала во организирањето и изведувањето на акции против непријателот, диверзии и саботажи. Била уапсена во зимата 1941 година, и при спроведување во затвор, иако била со лисици на рацете, успеала да избега. Во јануари 1942 година, станала член на Комунистичката партија на Југославија. Со одлука на Месниот комитет на СКОЈ за Белград, таа била испратена во Земун како член на тамошниот Месен комитет. За време на работата во земунската организација, таа била трипати уапсена, но благодарение на својата снаодливост, а и со помош на партијата, секогаш успевала да се извлече. Во ноември 1942 година, таа станала секретар на Срескиот комитет на СКОЈ и член на Срескиот комитет на КПЈ за Земун.
Во октомври 1943 година, Покраинскиот комитет на КПЈ за Србија ја пратиле на работа во Шумадија како инструктор на Покраинскиот комитет на СКОЈ. Во 1944 година, станала член на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Србија. По ослободувањето, Емилија Јакшиќ вршела разни должности во Сојузот на комунистичката младина на Југославија и во Комунистичката партија на Југославија. Таа загинала во сообраќајна несреќа кај Обреновец на 29 ноември 1949 година.
Емилија Јакшиќ била омажена за Марко Никезиќ, тогашен организационен секретар на Општинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Белград, а подоцна бил и претседател на Претседателството на ЦКСК на Србија.
Носителот е Партизанска споменица од 1941 година и други југословенски одликувања.
Една улица во земунската населба Нова Галеника го носи нејзиното име.
Литература
уреди- Жените на Србија во НОБ. "Нолит", Белград, 1975. година.