Елитна единица (филм)

„Елитна единица“ е бразилски филм од 2007 година. Филмот е делумно фиктивна слика за батаљонот за специјални полициски операции на воената полиција на Рио де Жанеиро. Тоа е вториот долгометражен филм а прв игран филм на режисерот Жозе Падиља, кој претходно го режирал прочуениот документарец „Автобус 174“. Сценариото е напишано од, за Оскар номинираниот писател, Браулио Мантовани, заснован на книгата „Елитна единица“ на социологот Луиж Едуардо Соарес и двајца поранешни капетани на единицата, Андре Батиста и Родриго Пиментел.

„Елитна единица
(Tropa de Elite)“
Филмски постер
РежисерЖозе Падиља
ПродуцентЖозе Падиља
Маркос Прадо
СценаристБраулио Мантовани
Жозе Падиља
Родриго Пиментел
Главни улогиВагнер Моура
Цаио Жункуеира
Андре Рамиро
КинематографијаЛула Карваљо
МонтажаДаниел Резенде
ДистрибутерUniversal Pictures
ПремиераБразил:
5 октомври 2007
Времетраење118 минути
ЗемјаБразил
Јазикпортугалски

Филмот освоил Златна мечка на филмскиот фестивал во Берлин 2008 година.

Сиже

уреди

Елитна единица е интензивен преглед на озлогласните фавели на Рио де Жанеиро. Филмот е поставен во 1997 година и прикажува интимен преглед на широката коруптивна мрежа во градот. Милицијата на дилерите со дрога има контрола врз фавелите, додека полицијата ги изведува своите криминални дејствија надвор. Елитната единица се бори против растурањето дрога, но одржувањето на ред има своја цена, па е тешко во нивните акции да се разликува добро, лошо, правда или одмазда. Капетанот на елитната единица, Нашименто (Вагнер Моура) се соочува со криза: како дополнување на притисоците од борбата во воените зони, тој мора да најде и подготви своја замена, за да може да побегне од секојдневното насилство и биде блиску до неговата бремена жена. Двајца од најновите регрути во единицата, Нето (Цаио Жункуеира) и Матијас (Андре Рамиро) се пријатели од детство. Едниот брзо посегнува по оружје, додека другиот одбива да ги погази идеалите. Заедно, тие се одлична замена.