Електронски микроскоп

Електронски микроскоп е тип на микроскоп што користи електрони за осветлување и создавање на слика од некој примерок. Има многу поголемо зголемување и моќ од светлосен микроскоп - до два милиони пати зголемување, за разлика од светлосниот со две илјади.

Електронски микроскоп на Сименс од 1973 година

Кај електронскиот микроскоп, сноп од електрони насочени со магнети предизвикуваат зголемување на сликата на објектот. Но електронскиот микроскоп не може да се користи за набљудување на живи организми, затоа што тие не можат да ја преживеат потребната техника на подготовка.

Типови

уреди

Електронски трансмисионен микроскоп

уреди

Електронскиот трансмисионен микроскоп (ТЕМ) врши пренесување на сноп на електрони низ многу тенок исечок од примерокот. Магнетните леќи ја зголемуваат сликата и ја насочуваат кон флуросцентен екран или фотографска плоча, со што се произведува видлива слика. Овие микроскопи можат да ги зголемуваат објектите до 2 милиони пати.