Електра Апостолу (грчки: Ηλέκτρα Αποστόλου), 20 февруари 1912 — 25 јули 1944) — грчка револуционерка, член на Комунистичката партија на Грција, учесник во Движењето на отпорот.[1][2][3]

Електра Апостолу
Роден(а)1912
Починал(а)1944
НаградиХерој на Грција.

Животопис

уреди

Родена е во Атина, во добростоечко средно буржоаско семејство, поради што не ги почувствувала немаштиите за време на Балканските војни, а детството го минала во изобилство. Се школувала во германска елитна школа.

Електра Апостолу на свои 13 години се запознала со членови на сојузот на млади комунисти, а на свои четиринаесет години, во училиштето организирала „општа помош за жртвите од диктатурата на Теодорос Пангалос“.

За време на Втората светска војна, станала член на првата редакција на официјалниот орган на „Националната сегрчка организација на младите во Грција“ (ЕПОН), односно редакцијата на весникот „Ново поколение“.

Умрела на 25 јули 1944 година, мачена од гестапо. Прогласена е за народен херој на Грција.

Наводи

уреди
  1. Commire, Anne (1999-10-08). Women in World History (англиски). Gale. ISBN 9780787640613.
  2. Chiclet, Christophe (1987-01-01). Les communistes grecs dans la guerre: histoire du Parti communiste de Grèce de 1941 à 1949 (француски). L'Harmattan. ISBN 9782858027491.
  3. Rényi, Andrea; Galambos, Lajos (2013-04-02). Storia greca (италијански). Andrea Rényi. ISBN 9788867557905.