Екстремофил
Екстремофил (од латински extremus со значење "екстремен" и од грчки philiā (φιλία) со значење "сака") е организам кој живее во и можеби дури и бара физички или геохемиски екстремни услови кои се неподносливи за поголемиот дел од живиот свет на Земјата. Наспроти овие организми, организмите кои живеат во поумерена животна околина се нарекуваат мезофили и нетрофили.
Во периодот од 1980 до 2000 година, биoлозите откриле дека микробиолошкиот жив свет има вчудовидувачка флексибилност за преживување во екстремни животни услови, како на пример на невообичаено високи температури, или во неверојатно кисели средини, средини кои се целосно неприфатливи за комплесните живи организми. Некои научници дури заклучиле дека можеби животот започнал на Земјата во хидротермалните испусти далеку под океанската површина.[1]
Најпознати екстремофили се микробите. Повеќето екстремофили припаѓаат на археите, но постојат екстремофили и кај бактериите. Се разбира не сите археи се екстремофили, постојат археи кои се мезофили. Не сите екстремофили се едноклеточни организми, протостомите се животни кои можат да живеат во екстремни жовотни услови, како на пример Помпејскиот црв и "Тардиград".
Класи на екстремофили
уредиПостојат повеќе различни класи на екстремофили, поделбата соодветствува на средината во која живеат. Оваа класификација не е екслузивна, многу екстремофили можат да припаѓаат на повеќе класи. Пример, организмите кои живеат во жешките карпи длабоко под Земјината површина се истовремено термофили и барофили.
- Ацидофил
- организми кои живеат во средини со pH вредност од 3 и помалку
- Алкафил
- организми кои живеат во средини со pH вредност од 9 или повеќе
- Ендолит
- организми кои живеат во микроскопски простори во карпите, како што се порите помеѓу споените слоеви, овие организми може да се наречат и криптоендолити
- Халофил
- организми кои бараат најмалку 0.2M концентрација на солта (NaCl) за развој[2]
- Хипертермофил
- организми кои опстануваат на температури помеѓу 80–122 °C, услови што се појавуваат во хидротермалните системи
- Хиполит
- организми кои живеат во закопаните карпи во ладните пустини
- Литоаутотроф
- (вообичаено бактерија)
- Металотолерант
- организми кои толерираат високо ниво на тешки метали во растворите, како што се бакар, кадмиум, арсен и цинк; таквии примери се Фероплазма сп. и Ralstonia metallidurans
- Олиготроф
- организам способен за живот во средини сиромашни со храна
- Осмофил
- организам способен да живее во околини со висока концентрација на шеќер
- Пиезофил
- организам кој живее оптимално во средини со висок хидростатски притисок, вообичаено длабоко под површината на земјата или во океанските длабочини
- Полиекстремофил
- организам кој може да се класифицира како екстремофил во повеќе класи
- Психрофил/Криофил
- организам кој опстанува на температури под 15 °C; вообичаено во замрзната почва, пермафрост, поларниот мраз, ладните океански води или под алпските ледници
- Радиоотпорен
- организми отпорни на високо ниво на јонизирачко зрачење, најчесто ултравиолетово зрачење, но исто така вклучува организми кои се отпорни на јадрено зрачење.
- Термофил
- организам кој бара температури помеѓу 60–80 °C
- Термоацидофил
- комбинација на термофил и ацидофил кој претпочита температури од 70–80 °C и pH помеѓу 2 и 3
- Ксерофил
- организам кој може да опстане во екстремно сушни региони, како на пример во пустината Атакама
Астробиологија
уредиАстробиологија е научно поле кое се занимава со теориите, како што е теоријата панспермија, за распределбата, природата и својствата на живиот свет во универзумот. Во овие теории, микробилошките екологисти, астрономите, планетраните научници, геохемичарите, филозофите и истражувачите конструктивно соработуваат со цел проучување на живиот свет на другите планети. Астробиолозите посебно се заинтересирани за проучување на екстремофилите, бидејќи многу од овие организми се спсобни да преживеат во услови слиќни на тие за кои е познато дека владеат на другите планети. Пример, Марс можеби има подрачја, пермафрост длабоко под површината, кои можеби се населени со ендолити. Во подповршинскиот воден океан на Јупитеровата месечина Европа можеби има живот, посебно на местата каде се претпоставува дека има хидротермални испусти на океанското дно.
Примери
уредиМикроби живеат во течниот асфалт на езерото Пич. Истражувањата покажале дека екстремофилите опстануваат во асфалтното езеро со популација помеѓу 106 - 107 клетки на еден грам.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ „Истражување на Марс - Печатен материјал“ (PDF). NASA. јуни 2003. Посетено на 14 јуни 2009.
- ↑ Кавикчиоли, Р. & Томас, Т. 2000. Екстремофили. Во: Џ. Ледерберг (изд.) Енциклопедија на Микробиологијата, второ издание, том 2, стр. 317–337. Academic Press, Сан Диего.
- ↑ Микробиолошки живот пронајден во јаглеводородно езеро. Архивирано на 9 мај 2012 г. the physics arXiv blog 15 април 2010.
- ↑ Schulze-Makuch, Haque, Antonio, Ali, Hosein, Song, Yang, Zaikova, Beckles, Guinan, Lehto, Hallam. Микробски жив свет во пустината од течен асфалт. (англиски)
Наводи
уреди- Вилсон, З. Е. и Бримбл, М. А. (2009). „Molecules derived from the extremes of life“. Nat. Prod. Rep. 26 (1): 44–71. doi:10.1039/b800164m. PMID 19374122.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Роси М. и останати (2003). „Екстремофили 2002“. J Bacteriol. 185 (13): 3683–9. doi:10.1128/JB.185.13.3683-3689.2003. PMC 161588. PMID 12813059.
- Сатјанарајана Т.; Раџукумар Ц.; Шиваји С. (2005). „Екстремофилни микроби: Различност и перспективи“. Current Science. 89 (1): 78–90. Архивирано од изворникот на 2014-04-22. Посетено на 2010-04-26.
Надворешни врски
уреди- Истражување на екстремофилите Архивирано на 18 октомври 2014 г. (англиски)
- Еукариоти во екстремни услови (англиски)
- Истражувачки центар за екстремофили Архивирано на 11 јануари 2016 г. (англиски)
- ДејвДарлинг енциклопедија за астробиологија, астрономија и вселенски летови (англиски)
- Меѓународно здружение за екстремофили (англиски)
- А1 ТВ, Попис на екстремофилите (македонски)