Едноклеточен организам
Едноклеточен организам е организам што се состои од само една клетка. Наспроти ова постојат многуклеточни организми кои се составени од повеќе клетки.
Вакви организми се прокариотите, највеќето протисти и некои видови на габи. Иако некои од овие организми живеат во колонии, тие сепак се едноклеточни. Организмите живеат заедички, сите клетки во колонијата се исти, но секоја од нив мора самостојно да ги извршува сите животни процеси за да опстои. За разлика од ова, дури и најпростите многуклеточни организми се состојат од клетки со посебна намена кои зависат една од друга за да можат да функционираат.
Највеќето едноклеточни организми се микроскопски во големина и затоа се сметаат за микроорганизми. Меѓутоа постојат протисти и бактерии кои се макроскопски, т.е. видливи со голо око.[1]
- Примери
- Меурчеста алга (Valonia ventricosa) - со пречник од 1 до 4 см е меѓу најголемите едноклеточни организми.[2][3]
- Syringammina fragilissima
- Thiomargarita namibiensis
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Новости за печатот - Научно друштво „Макс Планк“ проверено на 21 мај 2009 (англиски)
- ↑ Бауер, Беки (октомври 2008). „Волшебни топки во морето“. All at Sea. Архивирано од изворникот на 2010-09-17. Посетено на 27 август 2010. (англиски)
- ↑ John Wesley Tunnell, Ernesto A. Chávez, Kim Withers (2007). Coral reefs of the southern Gulf of Mexico. Texas A&M University Press. стр. 91. ISBN 1585446173.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |