Економија на Јужна Кореја

Јужна Кореја има мешана економија[1][2][3] и е рангирана на 11-то место според номинален БДП и 13-то според куповната моќ во светот, идентификувајќи ја како една од најголемите економии на Г-20. Таа е развиена земја со економија на високи приходи и е најиндулиализирана земја членка на ОЕЦД. Јужнокорејските брендови како LG Electronics и Samsung се меѓународно познати.

Нејзиното огромно вложување во образованието ја довело земјата од масовна неписменост до голема меѓународна технолошка централа. Националната економија на земјата има корист од високо квалификувана работна сила и е меѓу најобразованите земји во светот со еден од највисоките проценти на своите граѓани кои имаат високо образование.[4]. Економијата на Јужна Кореја е една од најбрзо растечките во светот од почетокот на 1960-тите до крајот на 1990-тите години, а Јужна Кореја сè уште е една од најбрзорастечките развиени земји во 2000-тите, заедно со Хонгконг, Сингапур и Тајван[5]. Јужнокорејците го познаваат овој период по името Чудо на реката Хан.[6]. Јужнокорејската економија е во голема мера зависна од меѓународната трговија, а во 2014 година, Јужна Кореја била петти најголем извозник и седми најголем увозник во светот.

Јужна Кореја бил домаќин на петтиот самит на Г-20 во главниот град Сеул, во ноември 2010 година. Дводневниот самит се очекуваЛ да ја зголеми економијата на Јужна Кореја со 31 трилиони вон или 4% од БДП на Јужна Кореја во 2010 година со економски ефекти и да се создадат над 160.000 работни места во Јужна Кореја, како и подобрување на суверениот кредитен рејтинг на земјата[7].

И покрај високиот потенцијал за раст на јужнокорејската економија и очигледна структурна стабилност, земјата страда од нејзиниот кредитен рејтинг на берзата поради воинственоста на Северна Кореја во време на длабоки воени кризи, што има негативен ефект врз финансиските пазари во Јужна Кореја[8][9]. Меѓународниот монетарен фонд ја поздравува отпорноста на економијата на Јужна Кореја од различни економски кризи, повикувајќи се на нискиот државен долг и високите фискални резерви кои брзо може да се мобилизираат за да се справат со финансиските итни случаи[10]. Иако била сериозно повредена од азиската економска криза кон крајот на 1990-тите, економијата на Јужна Кореја успеала брзо да закрепне и последователно го зголемила тројно својот БДП[11].

Покрај тоа, Јужна Кореја била една од ретките развиени земји способни да избегнат рецесија за време на глобалната финансиска криза[12]. Нејзината стапка на економски раст достигнал 6,2 проценти во 2010 година (најбрз раст од осум години по значителниот пораст од 7,2 проценти во 2002 година[13]), нагло заздравување од стапките на економскиот раст од 2,3% во 2008 година и 0,2% во 2009 година, кога глобалната финансиска криза била на својот врв. Стапката на невработеност во Јужна Кореја, исто така, останала на ниско ниво во 2009 година, на 3,6%[14].

Наводи

уреди
  1. South Korea: Introduction >> globalEDGE: Your source for Global Business Knowledge. Globaledge.msu.edu. Retrieved October 5, 2016.
  2. SOUTH KOREA Market overview Архивирано на 25 октомври 2016 г.. tiq.qld.gov.au
  3. Kerr, Anne; Wright, Edmund (2015). A Dictionary of World History. Oxford University Press. стр. 367–. ISBN 978-0-19-968569-1.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име OECD.
  5. Economic Growth Rates of Advanced Economies. International Monetary Fund. Посетено на September 8, 2010.
  6. Kleiner, Jürgen (2001). Korea, A Century of Change. River Edge, NJ: World Scientific. ISBN 978-981-02-4657-0.
  7. Koh Young-aah (October 11, 2010). „G20 to boost Korean economy by W31.3tr“. Korea Herald. Seoul. Архивирано од изворникот на 2012-03-20. Посетено на March 29, 2012.
  8. „Moody's Raises Korea's Credit Range“. The Chosun Ilbo. Seoul. August 2, 2010. Посетено на August 14, 2010.
  9. „Financial markets unstable in S.Korea following Cheonan sinking“. Hankyeoreh. May 26, 2010. Посетено на August 14, 2010.
  10. „S Korea stands among world's highest-level fiscal reserve holders: IMF“. Xinhua. Beijing. September 7, 2010. Посетено на September 8, 2010.
  11. Nattavud Pimpa (December 6, 2013). „Lessons from South Korea's Chaebol economy“. The Conversation Australia. Посетено на December 15, 2013.
  12. „South Korea Survived Recession With CEO Tactics“. Newsweek. New York. May 10, 2010. Посетено на September 8, 2010.
  13. „South Korea GDP grew revised 6.2pc in 2010“. Business Recorder. Karachi. Agence France-Presse. March 30, 2011. Архивирано од изворникот на April 27, 2011.
  14. „Background Note: South Korea“. U.S. State Department. July 7, 2011.

Надворешни врски

уреди