Ловозеро (езеро)

(Пренасочено од Езеро Ловозеро)


Езерото Ловозеро (руски: Ловозеро, сколтсколапонски: Luujäuʹrr, севернолапонски: Lujávri, фински: Luujärvi) се наоѓа на Колскиот Полуостров, во областа Мурманск во сливот на Баренцово Море.

Езеро Ловозеро
Релјефна мапа на Мурманскиот регион, Русија
Релјефна мапа на Русија

Географија

уреди

Има површина од 200 км2, просечна длабочина од 5,7 метри, а максимална 35 м. Годишните флуктуации не надминуваат 1 m, а просечниот период на обновување на водата е околу 10 месеци. Езерото има нерамно крајбрежје и многу полуострови и острови. Областа околу езерото, на пример, Ловозерските тундри е попозната како „Ловозёрье“ на руски јазик (Ловозерје, Ловожјорие).

Во 1970 година се изградиле две хидроцентрали на реката Вороња кај Серебрјанск, околу 100 километри низводно од езерото. Браната во електраната создаде резервоар на Вороња со ист водостој како езерото Ловозеро, со што двете водни тела се споија во едно.

Надворешни врски

уреди