Едвард Џејмс Стафорд, познат како Ед Стафорд (роден на 26 декември 1975), е англиски истражувач. Тој има Гинисов рекорд како првиот човек што некогаш пешачел по должината на реката Амазон.[1] Стафорд води емисии на Дискавери ченел.

Ед Стафорд
Роден(а)26 декември 1975(1975-12-26)(48 г.)
Питерборо, Англија
Занимањеистражувач
СопружникЛаура Бингам

Животопис

уреди

Ед Стафорд е роден во Питерборо, Англија и израснат во Лестершир. Како бебе бил усвоен од Барбара и Џереми Стафорд. Тој бил член на скаутско здружение во Лестершир како момче и тоа го смета за клучна компонента во неговото воспитување, што довело да стане водач на експедиција.[2]

Стафорд се приклучи на Британската Армија во 1998 година, и служел како пешадиски офицер. По завршувањето на оперативна турнеја во Северна Ирска во 2000 година, Стафорд ја напуштил војската во 2002 година. По експедицијата на Амазон во 2010 година, Стафорд започнал потрага по своите биолошки родители, кои успеал да ги најде со помош на неговата сестра, Џени. Од биолошкото семејство, тој има двајца помлади браќа.[3]

На 9 август 2010 година, тој станал првиот човек што ја изодел целата должина на реката Амазон,[4] што е документирано во ТВ серијата од 2011, Одење на Амазон на Канал 5. Стафорд ја започнал експедицијата со својот пријател, Лук Колиер, на 2 април 2008 година, на јужниот брег на Перу. По три месеци, Колиер си заминал, а Стафорд го завршил патувањето со Гадиел "Чо" Санчес Ривера. 

Во мај 2009 година Стафорд се појавил на насловната страница од географското списание на Кралското географско друштво.[5]

Во 2011 година официјално е признато неговото достигнување од страна на Гинисовите рекорди[6] и се појавува во Гинисовата книга на рекорди во 2012 година.

Принцов проект за дождовните шуми 

уреди

Во август 2009 година Стафорд почнал да пишува двонеделен блог за Принцов проект за дождовните шуми.[7] За разлика од неговото мрежно место, овој блог бил наменет посебно за децата и училиштата.

Наводи

уреди
  1. „First person to walk the length of the Amazon River“. Guinness World Records. Посетено на 2016-09-15.
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 14 November 2013. Посетено на 2013-11-10.
  3. McPhee, Rod (2015-01-12). „TV survival expert Ed Stafford on birth parents search: I don't think explorers are at peace with themselves - Mirror Online“. Посетено на 2016-09-15.
  4. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 15 August 2010. Посетено на 2010-08-09.
  5. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 25 May 2009. Посетено на 2009-05-19.
  6. „First person to walk the length of the Amazon River“. Guinness World Records. Посетено на 2016-09-15.
  7. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 6 August 2009. Посетено на 2009-08-04.

Надворешни врски

уреди