Принцов проект за дождовните шуми
Принцовиот проект за дождовните шуми (англ. Prince's Rainforests Project) е добротворна организација основана во октомври 2007 од НКВ Принцот од Велс. Овој проект има за цел да ја подигне свеста кај поединците и организациите за важната улога на шумите во подобрувањето и спречувањето на промената на климата, како и за преголемиот притисок на кој се изложени дождовните шуми предизвикани од порастот на цените на храната ширум светот, и сè поголемата глобална побарувачка на говедско месо, соја и палмино масло. Во светот постои сè повисока свест за итната потреба да се заштитат дождовните шуми, но и народите кои живеат и зависат од нив и нивните ресурси.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Страница на Принцовиот проект за дождовните шуми Архивирано на 18 февруари 2019 г. (англиски)