Едо (сојузна држава)
Државата Едо ― една од 36-те сојузни држави во Нигерија, сместена во јужниот регион на земјата. Главниот град и најголем град на државата, Бенин, е четвртиот по големина град во Нигерија, и средиште на индустријата за гума во земјата. Создадена во 1991 година од поранешната држава Бендел, државата Едо се граничи со државата Коги на североисток, со државата Анамбра на исток, со државата Делта на југоисток и со државата Ондо на запад.
Едо | |
---|---|
Сојузна држава | |
Прекар(и): Срцебиежот на Нигерија | |
Местоположба на Едо во Нигерија | |
Држава | Нигерија |
Датум на создавање | 27 август 1991 |
Главен град | Бенин |
Управа | |
• Гувернер | Годвин Обасеки (НДП) |
• Заменик гувернер | Филип Шаибу |
• Сенатори |
|
Површина | |
• Вкупна | 17,802 км2 (6,873 ми2) |
Ранг | 22. од 36 |
Население (попис од 2006) | |
• Вкупно | 3,233,366[1] |
• Ранг | 27. од 36 |
Демоним | Едоец (Едос) или Идарец (Идар) |
БДП (ПКМ) | |
• Година | 2007 |
• Вкупно | 11.89 милијарди $[2] |
• По глава на жител | 3,623 $[2] |
Час. појас | ЗАВ (UTC+01) |
поштенски број | 300001 |
Повикувачки број | +234 |
ISO 3166 | NG-ED |
ИЧР (2018) | 0.622[3] среден · 12. од 37 |
Мреж. место | edostate.gov.ng |
Современите граници на државата Едо опфаќаат региони кои порано биле место на различни империи и кралства. Создадена во XI век, се вели дека Бенинската Империја (неповрзана со современата земја Бенин) била „една од најстарите и најразвиените држави во крајбрежната внатрешност на Западна Африка“.[4] Античкиот град Едо, местото на денешниот град Бенин, бил дом на некои од најголемите земјени градби во светот.[5] Во 1897 година, Британската Империја спровела казнена експедиција во регионот, уништувајќи го најголемиот дел од античкиот град Едо и вметнувајќи ја територијата во она што ќе стане Јужнонигерискиот Протекторат.[6]
Државата Едо е разновидна држава во која претежно живеат Едовските народи, вклучувајќи ги народите Едо (или Бини),[7] Есан и Афемаи.[8] Најчестиот едовски јазик што се зборува е јазикот Едо, кој обично се зборува во градот Бенин.[9] Христијанството за прв пат било воведено во регионот од страна на португалските мисионери во текот на 15 век, и е доминантна религија во државата Едо со исто така голем број муслимани, иако се практикуваат и традиционални религии.[10]
Историја
уредиСреднозападниот регион бил единица на Нигерија од 1963 до 1991 година, формално позната како држава Бендел од 1976 година. Создадена е во јуни 1963 година од покраините Бенин и Делта од западниот регион, а главен град бил градот Бенин. Во 1966 година била преименувана во покраина, а во 1967 година кога другите покраини биле поделени во неколку држави, таа останала територијално недопрена, станувајќи држава.
За време на Нигериската граѓанска војна, бијафранските сили ја нападнале новата северозападна држава, на пат кон Лагос, во обид да натераат брзо да ја прекине војната. Додека беше под бијафранска окупација, државата била прогласена за „Република Бенин“, бидејќи нигериските сили требале да го заземат регионот. Републиката паднала еден ден по декларацијата, бидејќи нигериските трупи го презеле градот Бенин. Државата Едо била формирана на 27 август 1991 година кога државата Бендел била поделена на државите Едо и Делта.
Луѓе
уредиСо главниот град Бенин, населението во целата држава е приближно 8 милиони. Тој е составен од три големи етнички групи; имено Едо (Бинци), Есан и Афемаи (Ован/Ецако) со Акоко Едо. Сепак, државата има големо присуство на жители од целата земја и од светот заради нејзините космополитски тенденции. Главниот град Бенин има историја да биде една од најистакнатите одредишта на Европејците за време на нивното истражување на контнентот Африка пред многу векови. Некои од светлечките точки останале завидна туристичка привлечност за државата.
Демографија
уредиГлавните етнички групи во државата Едо се Бинците, Ецако, Есаните, Ованците и Акоко Едовците. Практично, сите групи го имаат своето потекло од градот Бенин, па затоа наречјата на групите се разликуваат според оддалеченоста од градот Бенин. Луѓето кои зборуваат бински и зафаќаат седум од вкупно 18 области на локалната самоуправа во државата, претставуваат 57,14%; додека другите се како што следува: Есан (17,14%), Ецако (12,19%), Ован (7,43%) и Акоко Едо (5,70%). Сепак, заедниците што зборуваат Игбира постојат во Акоко Едо, заедниците Ицекери во Икпоба-Оха, како и Ијав Изонс, Урхобос во областите на локалната самоуправа во Североисточна и југозападна Овија, особено во граничните предели. Исто така, заедниците што зборуваат игбо постојат во Игбанке (Ика) во областа на локана самоуправа Орхионмвон.
Јазици
уредиАнглискиот е службен јазик на државата. Главните племенски јазици што се зборуваат во државата се јазикот Едо, Игара, Ецако/Афемаи, Есан и Окпамери.[11] Државата Едо е дом на неколку етникуми, меѓу нив Едо, Окпе, Есан, Афемаи/Ецако, Ора, Акоко-Едо, Игбанке, Емаи.
Економија
уредиТуристичките знаменитости во државата Едо ја вклучуваат статуата Емотан во Бенин, езерото Исе и плажата на реката Нигер во Агенебоде во Ецако-Исток; Плоштад Мајк Ахигбе кај Ецако-Средина, плоштад Амброуз Али во Екпома, плажи на реката Нигер кај Илуши, зграда „BFFM“ во Еву, улица „Игун“, Колеџ за земјоделство и технологија за аквакултура во Агенебоде, Окпекпе со своите ридови и погледи и ридовите Усомеге во Апана-Узаиру, Ридовите Соморика во Акоко Едо, каде владиниот туристички центар во Ососо е сместен меѓу спектакуларната глетка.[12][13] Државата произведува сурова нафта.[14] и други минерални суровини како варовник и каменолом.
Наводи
уреди- ↑ „2006 PHC Priority Tables – NATIONAL POPULATION COMMISSION“. population.gov.ng (англиски). Архивирано од изворникот на 10 октомври 2017. Посетено на 15 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „C-GIDD (Canback Global Income Distribution Database)“. Canback Dangel. Посетено на 15 април 2021.
- ↑ „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 13 September 2018.
- ↑ Strayer 2013.
- ↑ Koutonin, Mawuna (2016-03-18). „Story of cities #5: Benin City, the mighty medieval capital now lost without trace“. the Guardian (англиски). Посетено на 2021-03-15.
- ↑ Obinyan, T. U. (септември 1988). „The Annexation of Benin“. Journal of Black Studies. Sage . 19 (1): 29–40. doi:10.1177/002193478801900103. JSTOR 2784423.
- ↑ „Edo“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-30. Посетено на 2021-04-15.
- ↑ Refugees, United Nations High Commissioner for. „Refworld | Nigeria: Esan ethnic group; whether it is a sub-group of the Yoruba; religions practised; whether members of this ethnic group engage in Ogboni practices“. Refworld (англиски). Посетено на 15 април 2021.
- ↑ „Edo language, alphabet and pronunciation“. omniglot.com. Посетено на 15 април 2021.
- ↑ „Benin kingdom/Edo state Religions“. www.edoworld.net. Посетено на 15 април 2021.
- ↑ Seibert, Uwe (24 април 2000). „Languages of Edo State“. Ајовски универзитет. Архивирано од изворникот на 13 декември 2007. Посетено на 15 април 2021.
- ↑ „Edo State“. NigeriaGalleria. Архивирано од изворникот на 2009-09-05. Посетено на 15 април 2021.
- ↑ „70 Exciting Tourist Spots“. OnlineNigeria. Посетено на 15 април 2021.
- ↑ Ogbeifun, Greg U (април 2006). „Importance of a Sea Outlet for Edo State“. Посетено на 15 април 2021. Наводот journal бара
|journal=
(help)