Една прекрасна недела (филм од 1947)

„Една прекрасна недела“ (јапонски: 素晴らしき日曜日, Subarashiki nichiyôbi) — јапонски филм од 1947 година, во режија на Акира Куросава. Главните улоги ги играат: Исао Нумасаки, Чиеко Накакита, Ацуши Ватанaбе и Зеко Накамура. Во овој филм, Куросава на реалистичен начин ги прикажува тешките економски усови во Јапонија во првите години од сојузничката окупација. Притоа, филмот е карактеристичен по необичната наративна техника со која еден од ликовите ѝ се обраќа на публиката.

Синопсис

уреди

Една недела, Јузо (го игра Нумасаки) и неговата свршеница Масако (ја игра Накакита) одлучуваат да се забавуваат во Токио, иако кај себе имаат само 35 јени...[1]

Наводи

уреди