Една комитска
„Една комитска“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некоја си понова генерација, „во духот“, комити кои сè уште ја бранат Македонија. Песната има патриотски карактер.
„Една комитска“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:43 (Смиља Андоновска) |
Текст
уредиСе собрале комитите
ќе ги бркаат душманите:
- Кажи, кажи чедо мое мило,
дал' ја сакаш Македонија?
- Ах, живот давам, земја не оставам
да ја гази куче душманско.
Наш'та крв е стара македонска,
Гоце Делчев, Карев, Сандански.
Среде Скопје, град Македонски,
пак се прочу по 100 години -
тука има уште комити,
клетва даваат, срце им гори.
- Ах, живот давам, земја не оставам
да ја гази куче душманско.
Наш'та крв е стара македонска,
Гоце Делчев, Карев, Сандански.
- Ах, живот давам, земја не оставам
да ја гази куче душманско.
Наш'та крв е стара македонска,
Александар Македонски.