Единствена обединета македонска организација
Единствена обединета македонска организација (ЕОМО) (бугарски: Единна обединена македонска организация) е создадена во 1964 година за борба против денационализацијата и асимилацијата на Македонците во Пиринска Македонија и за остварување на нивните човекови и малцинствени права. Во неа влегувале петнаесетина души, претежно млади момчиња од село Мусомишта и градот Гоце Делчев. За претседател бил избран Христо Пелтеков. Неколку месеци по создавањето на организацијата таа е разоткриена од бугарската Државна безбедност (ДС) а нејзините членови уапсени, со што и престанала да постои.[1]
Наводи
уреди- ↑ Историја на Македонија (Апологија на македонството) - Георги Радуле, Софија, 2010 година