Еден двобој (расказ)

„Еден двобој“ (француски: Un duel) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 14 август 1883 година.

Содржина

уреди

Господинот Дибуи патува со воз за Швајцарија, каде го засолнал семејството за време на Француско-пруската војна. Во вагонот се наоѓаат и двајца Англичани, а набргу влегува и еден пруски офицер. Тој почнува да ја фали пруската војска и ја навредува Франција. Потоа му наредува на Добуи да му купи тутун, а откако овој не ја извршува наредбата, офицерот се обидува да му ги откорне мустаќите. Тогаш, Дибуи се нафрла на офицерот и го претепува пред очите на Англичаните. Офицерот го предизвикува на двобој при што Дибуи го убива и заедно со Англичаните го продолжува патувањето, а тие му честитаат на подвигот.[1]

Наводи

уреди
  1. „Један двобој“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 244-250.