Едвард Лоу
Капетан Едвард „Нед“ Лоу (англиски: Edward "Ned" Low), понекогаш Лоу (околу 1690 – околу 1724), бил еден од најпознатите пирати од Златната ера на пиратството, во почетокот на 19 век. Тој е роден во сиромашно семејство во Вестминстер, Лондон. Уште од својата младост станал крадец. Во својата младост се преселчил во Бостон. Во 1719 година неговата жена починала при пораѓање. Две години подоцна тој станал пират и дејствувал по бреговите на Нова Англија, Азорите и Карибите.
Тој станал капетан на повеќе бродови, но обично неговата флота била составена од 3 или 4. Тој за своето тригодишно пиратство станал еден од најпознатите и најсурови пирати. Тој со својот екипаж освоил повеќе од 100 бродови коишто главно ги палел. Тој е познат по тоа што жртвите смртно ги мачел пред да ги убие.
Од Сер Артур Конан Дојл, Едвард Лоу е опишан како „див и злобен“ и како неверојатно „грдо брутален“. Според весникот Њујорк Тајмс тој со своите методи е спореден со извршувачите на Шпанската инквизиција.
Капетан Едвард Лоу починал околу 1724 година, но за неговата смрт има повеќе шпекулации.