Евхаристичка гулабица (Охрид)
Евхаристичка гулабица — еден од раритетите на македонската средновековна црковна ризница. Евхаристичката гулабица или Перистериумот од Охрид потекнува од 13 век и претставува вообличена симболична претстава на Светиот Дух, со функција на кадилница, таа ја надвисувала Чесната трпеза на охридската катедрална црква „Св Софија“, по нејзиното укинување – во „Св. Богородица Перивлепта“. Врз пластично изведеното тело со димензии 22 х 13,5 см, изработено од бакар, со делумно зачувана позлата, со плитко врежување се имитирани пердуви. На него се аплицирани мобилни монохромна опашка и полихромни крила изведени со емајл во техниката опус cloisonné. Аплицирани се и очи од сино стакло. Од мобилните делови недостасуваат нозете, а клунот е реконструиран. Денеска „Гулабицата“ е сопственост на Народниот музеј во Охрид. Изработката е карактеристична за работилниците на емајл во Лимож, Франција, за чија продукција се смета и овој примерок. Единствениот познат сроден примерок се чува во Лувр во Париз.[1]
Наводи
уреди- ↑ B. Radojkovic, Une colombe eucharistique du tresor de Saint Clement d’ Ohride, vo: Actes du XII Congress international d’etudes Byzantines, III, Beograd, 1964, 327–331.