Европски сојуз на градови и региони за вклученост на Ромите

меѓународна иницијатива за поголема вклученост на Ромите

Европски сојуз на градови и региони за вклученост на Ромите — иницијатива на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа којашто има за цел поддршка на проекти и политики за вклученост на Ромите[б 1] на локално и регионално ниво преку градовите и регионите коишто членуваат во иницијативата и во координација со нивните влади. Во таа насока, од страна на Конгресното биро во Стразбур на 8 септември 2014 година бил усвоен стратешки документ за периодот 2014-2020 година.[1] Сојузот вклучува 130 градови и регионални власти од 29 земји.

Европски сојуз на градови и региони за вклученост на Ромите
Лого на сојузот
Основанамарт 2013
Видиницијатива на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
СедиштеФранција Стразбур
Членство130 градови учесници
Службени јазицианглиски, француски
Мреж. местомрежно место

Историја

уреди

Во последните неколку години, забележителен е заначителен развој во европското законодавство и националните законски рамки за вклученост на Ромите. Со оглед на тоа што мерките на локално и регионално ниво се одлучни за подобрување на општествената вклученост на Ромите, Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа одлучил да создаде платформа за споделување знаење за делотворно справување со ромофобијата врз основа на Стразбуршката декларација за Ромите усвоена од страна на Одборот на министри на Советот на Европа во 2010 година.[2]

Концептот на сојузот бил утврден на градоначалничкиот состанок за Ромите во септември 2011 година.[3] По овој состанок била создадена јадрена група на градови и региони коишто доброволно учествувале во основањето на сојузот и подготвиле општа рамка на цели и работни методи. Откако во 2012 година бил спроведено темелно советување, коешто вклучувало обемна анкета за испитување на локалните и регионалните власти во земјите членки на Советот на Европа и советувачки состаноци по нејзиното спроведување, главните потреби и интереси на градовите и регионите биле утврдени. Сојузот службено започнал со работа за време на 24. седница на конгресот на 20 март 2013 година.[4]

Белешки

уреди
  1. Поимот „Роми“ коишто го користи Советот на Европа се однесува на Роми, Синти, Кале и поврзани народности во Европа, вклучувајќи ги патниците и источните народи Дом и Лом, и ја опфаќа разновидноста на овие групи, вклучувајќи ги лицата кои се самосознаваат како „Цигани“.

Наводи

уреди
  1. „Réunion du Bureau du Congrès“. www.coe.int. Посетено на 8 декември 2015.
  2. „Committee of Ministers - Council of Europe High Level Meeting on Roma (Strasbourg, 20 October 2010) - "The Strasbourg Declaration on Roma". wcd.coe.int. Посетено на 8 декември 2015.
  3. „Summit of Mayors for Roma - 22 September 2011 - Congress of Local and Regional Authorities of the Council of Europe“. www.coe.int. Посетено на 8 декември 2015.
  4. „Congress of Local and Regional Authorities - Official report of debates - 24th Plenary Session of the Congress of Local and Regional Authorities of the Council of Europe - 19-21 March 2013“. wcd.coe.int. Посетено на 8 декември 2015.