Европска ноќна ластовица

Ноќна ластовица
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Aves
Ред: Caprimulgiformes
Семејство: Caprimulgidae
Род: Caprimulgus
Вид: C. europaeus
Научен назив
Caprimulgus europaeus
Linnaeus, 1758
портокалово: Летни региони за размножување
сино: Познати локации во зима
сини ѕвезди : Можни локации во зима
Caprimulgus europaeus

Европска ноќна ластовица, евроазиска ноќна ластовица или ноќна ластовица (Caprimulgus europaeus) е единствениот вид од семејството ноќни ластовици во цела Европа и умерена Азија.

Живеалиште и распределеност уреди

Ноќната ластовица доцна се преселува и ретко се појавува пред крајот на април и почеток на мај. Летното преселување се појавува во северна и Средна Европа, а зимското во Африка.

Во јужна Европа и во потоплите делови од Африка и Азија, ја заменуваат други членови од семејството ластовици. Во Велика Британија и Ирска се појавува постојано, но во Шетланд и во други северни острови е позната како привремен преселник. Ноќната ластовица ја има и во Македонија.

Опис уреди

Ноќните ластовици се долги 25 до 30 см, тежат од 50 до 100 g и имаат распон на крилјата од 53 до 61 см.[2]

Перја уреди

Мажјаците се разликуваат од женките по белите дамки на крилјата и опашката. Во време на парење, мажјакот лебди над женката, со крилјата кренати под остар агол, ја шири широко опашката за да ги покаже белите дамки.

Песна уреди

Неjzinata песна е чуден чрчор и е сигурен начин за идентификација. Нежниот и механички звук што го создава, се крева и спушта - поради ветерот или вртењето на главата на птицата. Долната вилица ѝ вибрира, грлото е широко отворено, а пердувите накострешени. Кога чрчори, ластовицата е качена на дрво или на нешто друго.

Кога лета, ластовицата има мек звук но и остар и повторлив аларм, цуиик, цуииик. За време на парење користи остар звук кој го прави со удирање на крилјата над грбот.

Ластовицата лета навечер, најчесто на зајдисонце. Дење, лежи тивко на земјата, сокриена со перјата.

Исхрана уреди

Ластовиците бараат храна од приквечер до наутро, најчесто ловејќи молци и други големи летачки инсекти.

Погледни уреди

Извори уреди

  1. BirdLife International (2012). Caprimulgus europaeus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. НП Галичица

Надворешни врски уреди