Европска компирова криза
Европска компирова криза е масовен глад кој ја зафатил Северна и Западна Европа кон средината на 1840-тите предизвикана од болест која го напаѓала компирот. Овој период е познат и како гладни четириесетти. Кризата предизвикала прекумерна смртност и страдање во погодените области, а особено биле погодени шкотските висорамнини и, уште пожестоко, Ирска. Многу луѓе гладувале зошто не можеле да дојдат до други основни извори на храна.
Компирите во тоа време
уредиВо 2013 година, истражувачите ги анализирале биолошките збирки во музеите преку техники за секвенцирање на ДНК за да ја декодираат ДНК-та од патогенот во примероците од 1845 година и да ги споредат со современите генетски типови. Резултатите покажале дека „тој сој е различен од сите анализирани современи соеви“.[1]
Депопулација
уредиКризата во Ирска предизвикала еден милион смртни случаи,[2] два милиони бегалци и ја поттикнала депопулацијата на населението која траела еден век. Бројот на смртни случаи поради компировата криза во другите земји изнесува околу 100.000 луѓе. Од нив, најголем дел биле во Белгија и Прусија, при што се проценува дека 40.000-50.000 луѓе починале во Белгија, а Фландрија била особено погодена, и околу 42.000 смртни случаи во Прусија. Другиот дел од смртните случаи бил претежно во Франција, каде што се проценува дека околу 10.000 луѓе починале од глад.
Освен смртта од прегладнатост и болестите настанати од глад, населението страдало и на други начини. Ако демографското влијание на гладот веднаш веднаш се воочува преку смртноста, долгорочниот пад на плодноста и наталитетот, исто така, силно влијаел врз населението. Во Ирска наталитетот се намалил за една третина, а падот во другите земји бил помал: Фландрија имала пад од 20-30%, Холандија околу 10-20%, а Прусија околу 12%.
За да го избегнат гладот, населението од Ирска и од шкотските висорамнини почнало со масовна миграција. Многу мигранти биле потпомогнати од земјопоседници претежно од Северна Америка и Австралија.[3] [4] Како последица од ова било создавањето на значителна ирска дијаспора.
Поврзано
уреди- Историја на компирот
- Револуциите од 1848 година, кои во Ирска биле биле поттикнати од гладот
Наводи
уреди- ↑ Briggs, Helen (21 May 2013). „Irish potato famine pest identified“. BBC News.
- ↑ Briggs, Helen (21 May 2013). „Irish potato famine pathogen identified“. BBC News. Посетено на 7 July 2018.
- ↑ Devine, T M (1999). The Scottish Nation: a Modern History (2006. изд.). London: Penguin Books Ltd. ISBN 978-0-7181-9320-1.
- ↑ Devine, T M (2018). The Scottish Clearances: A History of the Dispossessed, 1600-1900. London: Allen Lane. ISBN 978-0241304105.