Евреите во Македонија за време на Втората светска војна (1941–1945)
Евреите во Македонија за време на Втората светска војна (1941–1945) — збирка на архивски документи за судбината на македонските Евреи во раздобјето 1941–1945, уредена од Жамила Колономос и Вера Весковиќ-Вангели, објавена во 1986 година.
Уредникs | Жамила Колономос и Вера Весковиќ-Вангели |
---|---|
Изворен наслов | Евреите во Македонија во Втората светска војна (1941–1945) |
Земја | Социјалистичка Република Македонија |
Јазик | Македонски |
Предмет(и) | Холокаустот |
Издавач | МАНУ |
Издадена | 1986 |
Историски контекст и позадина
уредиЕврејските заедници во денешна Македонија биле речиси уништени во холокаустот. Во април 1941 година, бугарската војска во сојуз со нацистичка Германија ја окупирала Вардарска Македонија и новите власти брзо спровеле сè поболни антисемитски мерки. На 11 март 1943 година, бугарските власти ги собрале повеќето месни Евреи и им ги предале на Германците, кои ги превезле во Треблинка, логорот за истребување. При пристигнувањето им бил пуштен гас и се знае дека никој не преживеал. Ова имало разорно влијание врз еврејските заедници. Од проценетото предвоено население од речиси 8.000 македонски Евреи, само неколку стотици ја преживеале војната. [1] [2]
Заради комбинација на околностите имало мала свесност за судбината на тие луѓе. Никој од испратените во Треблинка не преживеал да ја раскаже приказната. По војната, Вардарска Македонија повторно станала дел од Југославија, во нов облик како Комунистичка Југославија. Официјалната линија била избегнување на навлегување во злосторствата од Втората светска војна, бидејќи се сметало дека тие можат потенцијално да ги дестабилизираат внатрешните меѓуетнички југословенски односи. Тоа во македонскиот случај било порелаксирано, бидејќи насилниците биле германските и бугарските окупатори. Сепак, спомнувањето на судбината на македонските Евреи било минимално.[3]
Александар Матковски бил единствениот историчар вклучен во истражувањето на темата за холокаустот на Евреите во Македонија. Во 1958 година објавил долг напис со наслов „Трагедијата на Евреите од Македонија“ и проширен во книга во 1962 година. Неколку децении бил единствениот документиран извор со значителен глобален тираж за судбината на македонските Евреи под бугарска окупација во Втората светска војна. Таа стана позната на мнозинството научници ширум светот кои се занимавале со холокаустот на Балканот.[4]
Во 1982 година, Матковски објавил проширена верзија на книгата од 1962 година, насловена како Историја на Евреите во Македонија, која била проширена во однос на неговата книга од 1962 година со поглавје за Депортацијата и ликвидацијата на Евреите од Македонија. Тој го искористил југословенскиот, како и бугарскиот архивски материјал достапен во Југославија и детално ја опишал политичката, дипломатската и правната подготовка на депортацијата од страна на бугарските власти и нивните германски сојузници, персоналот и организацијата на концентрациониот логор за Евреи во Тутунскиот комбинат „Монопол“ во Скопје и трите превози со Бугарската државна железница до Треблинка. Документите го сочинуваат планот на книгата Евреите во Македонија за време на Втората светска војна (1941–1945) од 1986 година, заедно со Жамила Колономос и Вера Весковиќ-Вангели, објавена од Македонската академија на науките и уметностите.[5]
Содржина
уредиДвотомната книга има продлабочен вовед и 732 документи, претежно од македонски и други југословенски архиви, како и копии од документи од бугарски, германски и други европски архиви што ги поседуваат југословенските архиви. Исто како и Александар Матковски, уредниците немале непосреден пристап до архивите во соседна Бугарија. По војната, бугарските власти се обиделе да го промовираат наративот за „спасување“ на бугарските Евреи од „Старото Кралство“, притоа избегнувајќи ги фактите за истребувањето во окупираната Вардарска Македонија, Западна Тракија и Пиротскиот Регион.[5][6]
Документите се преведени на македонски јазик. Постојат резимеа на документи на англиски јазик, а воведот е исто така преведен на англиски јазик. Покрај оние од книгата на Александар Матковски од 1982 година, има и многу други документи собрани од уредниците. Неколку еврејски сведоштва пред Југословенската федерална комисија за истражување на воените злосторства за прв пат биле објавени во целост. Архивските записи на скопската еврејска општина, тогаш сместени во белградскиот еврејски музеј, фрлаат светлина врз амбивалентната улога што Централниот конзисториум на бугарските Евреи ја одиграл во пренесувањето на антиеврејските државни барања до македонските Евреи. Ширењето летоци од страна на партизанското движење и Комунистичката партија дошло како потсетник за меѓуетничка солидарност. Сепак, некои документи сугерираат дека не сите граѓани на Македонија покажале непоколеблива поддршка за маките на Евреите. Избраните материјали главно ги прикажуваа оние пробугарски Македонци кои постојано биле стигматизирани во македонската јавна историја како предавници на македонската кауза. Сепак, нивното објавување се спротивстави на недостижната стратегија што дотогаш ја усвоија вардарските македонски автори.[4]
Конечно, збирката содржи список на депортирани врз основа на германската документација составена во логорот Скопје. Содржи лични податоци на 7.148 Евреи од Вардарска Македонија, како и од Прешево, Момчилград и Врање во поранешна Србија окупирана од Бугарија, кои биле депортирани преку Скопје во Треблинка. Списоците содржат име, татково има и презиме, точни адреси и датуми на раѓање, како и информации за полот, роднинските односи, професијата и државјанството. Списоците се составени од бугарските и германските власти во привремениот концентрационен логор „Монопол“ во Скопје во март 1943 година и се предадени на управата на логорот за истребување Треблинка откако таму ќе пристигнат транспортите од Македонија.[5]
Релевантност
уредиИако книгата била составена со намера да остане збирка на документи, нејзиниот опфат и длабоката воведна студија ја направиле едно од најважните дела на темата на холокаустот на македонските Евреи. Имала важна улога во неговото воведување во историските студии, речиси без друг постоечки пример во тогашната југословенска историска наука. Заснована првенствено на бугарски документи, книгата ја претставува историјата на холокаустот видена низ очите на оние што го извршиле, типичен став на научниците кои ја преживеале војната и на раното раздобје во истражувањето на холокаустот.[3]
Наводи
уреди- ↑ Nadège Ragaru (15 March 2017). „Contrasting Destinies : The Plight of Bulgarian Jews and the Jews in Bulgarian-occupied Greek and Yugoslav Territories during World War Two“. Sciences Po. Посетено на 16 June 2021.
- ↑ „Sofija Grandakovska - Unearthing Catastrophe in Macedonia - John Jay Fall 2019 Visiting Scholar“. John Jay College of Criminal Justice. Посетено на 28 May 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Jovan Ćulibrk - The Holocaust of the Macedonian Jews in Historiography, in The Jews from Macedonia and the Holocaust: History, Theory, Culture, edited by Sofija Grandakovska, 2011, 588-606
- ↑ 4,0 4,1 Nadège Ragaru (2017). „Bordering the Past: The Elusive Presences of the Holocaust in Socialist Macedonia and Socialist Bulgaria“. Südost-Forschungen. Посетено на 16 June 2021.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Stefan Troebst (2013). „Macedonian Historiography on the Holocaust in Macedonia under Bulgarian Occupation“ (PDF). Südosteuropäische Hefte, 2(1), 107-114. Посетено на 16 June 2021.
- ↑ Nadège Ragaru (2017). „Nationalization through Internationalization. Writing, Remembering and Commemorating the Holocaust in Macedonia and Bulgaria after 1989“. Südosteuropa, vol. 65, no. 2, 284-315. Посетено на 16 June 2021.