Евен Хафман
Евен Лукас Хафман (англиски: Evan Lukas Huffman; р. 7 јануари 1990) — поранешен американски професионален друмски велосипедист,[2] кој возел професионално во периодот 2013-2019 за екипите Астана, Тим СмартСтоп и Рели УХЦ Сајклинг. Негови позначајни победи се планинскиот пласман на Трката околу Калифорнија 2016 и победите на трките, Трка околу Алберта и Трка Џила.
Хафман На Трката околу Алберта 2016 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Евен Лукас Хафман |
Роден | 7 јануари 1990 Елк Гроув, Калифорнија, САД |
Висина | 1,75 м[1] |
Маса | 71 кг[1] |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | пензиониран |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | специјалист за хронометри |
Аматерски клубови | |
2008 2011-2012 | Калифорниски политехнички државен универзитет Калифорнија Џајант Бери-Спешалајзд |
Професионални клубови | |
2013–2014 2015 2016–2019 | Астана Тим СмартСтоп Рели Сајклинг |
Кариера
уредиРана кариера
уредиХафман настапувал во повеќе спортови во средното училиште во родниот град во Калифорнија, првпат настапил во велосипедизам во 2007 година и возел за Калифорнискиот политехнички државен универзитет следната година.[1] Првпат привлекол меѓународно внимание со неколку хронометарски победи и државното првенство под 23 години во 2012 додека возел за екипата Кал-Џајант.[1]
2013–2015
уредиОткако го зголемил своето меѓународно искуство, Хафман се приклучил на Астана во 2013 година.[1] Неговото место во екипата било во голем дел благодарение на напорите на Specialized Bicycle Components.[3] Во Астана како единствен Американец и живеејќи во Европа одвоен од неговиот дом и семејство било тешко за него. Дополнително, поради големиот состав на екипата[3] возел нередовно, што довело до помалку резултати и се вратил во Калифорнија без договор за 2015 година. Потоа, се приклучил на Тим СмартСтоп кој се распаднал истата година.[3]
2016–2017
уредиХафман возел за Рели Сајклинг во 2016 година и имал пробив со освојување на планинскиот пласман на Трката околу Калифорнија 2016. За Хафман, 2017 била сезона со невиден успех за него и за неговата екипа.[4] Ги освоил генералните пласмани на Трката околу Алберта и Трката Џила. Дополнително, ги освоил етапите 4 и 7 на Трката околу Калифорнија и двапати ја освоил сината маичка како најборбен возач на крајот на секоја етапа.[5]
По победата на Трката околу Алберта, Хафман искоментирал за неговиот успех: „Не знам што е подобро, две победи во Калифорнија или генерален пласман тука. Претходно оваа година Трката Џила беше најголема пред ова, така што навистина покажав голем напредок во краток период во последните две години со оваа екипа“.[6]
Личен живот
уредиХафман има тетоважи на неговата подлактица од внатрешната страна и уште една на неговите гради, сите поврзани со христијанството. Ги направил тетоважите на крајот од 2014 година кога се вратил во САД од Европа.[1][3] Се оженил со неговата сопруга Хедер во октомври 2017 година.[1]
Достигнувања
уреди- 2008
- 1. Национално јуниорско друмско првенство
- 2011
- 2. Класик Невада
- 3. Национално друмско првенство под 23 години
- 2012
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 1. Етапа 3 (ITT) Трка Џила
- 1. Етапа 2 (ITT) Класик Меклејн Пацифик
- 2015
- Вуелта а ла Индепенденсија Насионал
- 8. Класик Винстон-Салем
- 2016
- 1. Планински пласман Трка околу Калифорнија
- 3. Краен пласман Трка околу Алберта
- 1. Етапа 4
- 3. Класик Винстон-Салем
- 6. Ридинг 120
- 2017
- 1. Краен пласман Трка околу Алберта
- 1. Етапа 1
- 1. Краен пласман Трка Џила
- 1. Етапа 3 (ITT)
- Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 7
- 3. Краен пласман Велосипедски класик Каскад
- 1. Етапа 2 (ITT)
- 5. Краен пласман Етапна трка Џо Мартин
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Raia James (May 3, 2015). „Cyclist Evan Huffman tries to climb back“. Sacramento Bee. Посетено на October 27, 2017.
- ↑ Hood, Andrew (October 21, 2019). „Retirements in 2019 — goodbye to the peloton's working class heroes“. VeloNews. Pocket Outdoor Media, LLC. Посетено на January 9, 2020.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Evan Huffman: To Astana and back“. Velonews. Посетено на December 27, 2017.
- ↑ „George Bennet Rides To Victory In Pasadena At The 2017 Amgen Tour Of California“. Архивирано од изворникот на 2022-11-08. Посетено на December 27, 2017.
- ↑ „Evan Huffman Wins Stage Seven of Amgen Tour of California“. Посетено на December 27, 2017.
- ↑ „Tour of Alberta: Huffman wins the overall as Wippert takes final stage“. Посетено на December 27, 2017.
Надворешни врски
уреди„Евен Хафман“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Евен Хафман“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Евен Хафман“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Евен Хафман“. ProCycling.